ДАЛИ СТАРОЗАВЕТНИОТ “БОГ” ОД БИБЛИЈАТА E ВСУШНОСТ ЛУКАВИОТ?

Кој е всушност еврејскиот “бог” Јехова кој во Библијата го преведуваат како Господ Бог?

22528313_10211988578843369_1274654320857410086_n (1).jpg

Фамозниот сликар Караваџо не бил неписмен да ја утне до толку пустинската костимографија и да представи средновековни оклопи… Многу јасно знаеле сликарите како просветелни интелектуалци дека распнувањето на Исус е средновековен настан одигран во Константинопол каде меѓудругото го носел и името Ерусалим, како поим каде се наоѓала “духовната” столицата. Judas Kiss или предавничкиот пољубац е главниот мотив на оваа слика. Впрочем, не ни постоел таков апостол, Јуда е само code-name за Јудеинот па дури и во Новиот Завет просветениот човек Исус им се обраќа директно на Јудеите врска нивниот бог, крвољубивиот Јехова:
42. Но Исус им рече: „Ако Бог беше ваш татко, тогаш ќе Ме сакавте Мене, бидејќи Јас сум излегол и доаѓам од Бога. Оти не сум дошол Сам од Себе, а Он Ме прати.
43. Зошто не ги разбирате Моите зборови? Затоа што не можете да ги слушате поуките Мои.
44. Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажец и татко на лагата.
45. А бидејќи Јас вистината ви ја кажувам, не Ми верувате.
46. Кој од вас може да Ме укори за неправда? Ако ли, пак, вистина зборувам, тогаш зошто не ми верувате?
47. Кој е од Бога, тој ги слуша зборовите Божји. А вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.”
48. Тогаш Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли право, дека си Ти Самарјанин и дека бес има во Тебе?”
49. Исус им одговори: „Во Мене нема бес, туку го почитувам Својот Отец, а вие Ме бесчестите.

Бидејќи многу пријатели ги занимаше ова мрсно прашање ме замолија да објаснам на темава за правото лице на Јехова, па така решив конечно да напишам еден прилично долг, но сепак занимлив и битен текст за да разберете каков концепт ни инсталирале во нашите мозоци и како не држат под духовно и земско ропство илјадници години.

Елохим Јехова (Јахве, YAHWEH) е официјалното име на овој “бог” во хебреиската, однсоно оригинална Библија, Стариот Завет, но во нашата стандардизирана верзија на Библијата (King James version) го преведуваат едноставно како – Господ Бог.

Не само јас лично, туку и многумина познати истражувачи и хебреолози како што e италијанецот Мауро Биглино или пак познатиот лидер на НАСА -Џозеф Блумрих и други многу јасно и логично приметеле што всушнст пишуваа во оваа книга и за што навистина станува збор.

Бидејќи ова е сложена и комплицирана тема која може да се обратува и анализира до најситни детали, јас тука ќе се обидам сето ова да го поедноставам и упростам како полесно би се проџвакал и сварил материјалот, па дури и за оние нај неупатените или пак оние најпрограмирани да биде лесно приемчив.

Најпрвин морам да кажам дека не станува тука збор за Севешниот Творец, каде ние го нарекуваме едноставно РОД, односно архитектот на сите Универзуми и Мултиверзуми, за онаа апстрактна суперсвесна светлина која го породила целиот жив свет и го создала нашиот Сончев Систем, не, тука не станува збор за ваков метафизички и боженствен концепт, тука станува збор за одреден локален ентитет во физичка форма кои бил на многу повисоко технолошко и евоултивно ниво за разлика од тамошниот пустински човек.

Најодговорно и најтрезвено можам да кажам и потврдам дека Елохим Јехова бил ентитет кои му се јавувал на Мојсеј во непосредна близина физички, а не медиумски преку транс или сон. Во целата Библијата се провлекува еден интересен поим – “Јахвина Слава”, и овој централен термин вака на прво слушање горе-доле за секој човек е некако логичен и нормален, и обично се кажува дека Господ доаѓал со својата слава и тоа е доволно разбирливо итн….. Секој ќе помисли дека станува збор за славата на Господ, меѓутоа тек отакако ќе ја прочитате книгата на Пророкот Езекиел, очигледно ќе дознате дека Јахвината Слава е конкретен технолошки уред кој до детал е опишан како изгледал, од каков материјален е направен и каде седел Јехова и како тој се управувал. Согласно сведоштвото оставено од овој пророк Језекиел, многу научници и технолози вклучително и Џозеф Блумрих или пак хрватот Бранко Хиршел успеале да го дизајнираат и проектираат ова летало.

herrlichkeit_herrn

 

Концепт цртеж на Бранко Хиршел базиран на книгата на Протокот Езекиел

eze2.jpgКонцепт цртеж на Џозеф Блумрих базиран на книгата на Протокот Езекиел

 

vcdfs93498.jpgМанастир Високи Дечани, Србија, Пеќ/Косово, Црквата е петобродна, фрескоживописот е работен од 13481350 година, а се одликува со богата фигурална пластична декорација во романски стил. Го подигнал Стефан Дечански во периодот 13271335 год.

ПОТОА ВО ИСТАТА ОВАА “СВЕТА” КНИГА НАОЃАМЕ МНОГУ ЧУДНИ И НЕ ТИПИЧНИ КАРАКТЕРИСКИ, ЖЕЛБИ, НАРЕДБИ, КОМАНДИ ЗА ЕДЕН СЕСВЕТ ТВОРЕЦ ОДНСОНО – БОГ. ГЛЕДАМЕ ДЕКА ЈЕХОВА Е ЉУБОМОРЕН, БАРА ЖИВОТИНСКИ ЖРТВИ, ОДОБРУВА РОБОВЛАДЕТЕЛСТВО, ЛИХВА И НА КРАЈОТ НА КРАИШТА БАРА И КРВНИ ЧОВЕЧКИ ЖРТВИ! ОПРАВДУВА ПОГУБУВАЊЕ НА ЦЕЛИ НАРОДИ, ПОСАКУВА ВОЈНИ И ГЕНОЦИД, САМИОТ ТОЈ ДАВА ТАКТИКИ И УПАТСТВА КАКО ДА СЕ ПОРОБУВААТ ЦЕЛИ НАРОДИ И КАКО ДА ИМ СЕ ОДЗЕМЕ ЗЕМЈАТА, БАРА СТРАХОПОЧИТУВАЊЕ, ОДМАЗДУВАЊЕ И СЕ ЗАКАНУВА СО СМРТ. ОВА СЕ ТОТАЛНО САТАНСКИ ОДЛИКИ И ОСОБИНИ:

25348517_10212416248774850_8638905188447361449_n

Навистина е интересен фактот каде Јехова ги приморува Евреите да се придржуваат кон десете заповеди (иако во Египет биле 40 заповеди кои ги содржеле и овие 10) како и на многу други добри правила, кои воопшто не се лоши! И ова се навистина човечки етички стандари и морали. Но! Тие важат само кога се во прашање Евреите. Внатре во Еврејската заедница. Но, во односот на другите народи и цивилизации, кои не се негови, можно е се да се прави. На Евреите им е дозволено да убиваат, крадат и силуваат. Вистинска омраза кон представниците на човештвото, кои не го обожуваат и не му се поклонуваат.

На пример во книгата Броеви, глава 31, интересно е опишано однесувањето на Евреите во однос на поразените Мидејци. Сите се убиени, спалени и градот ограбен. Им ги зеле жените и децата како плен. Но, Мојсеј и Елијазар излегле пред нив и повикале – убијте ги сите деца, мажи и жени. И сите деца од женски пол кои не го познавале машкиот кревет, ги оставиле живи за себе…А зошто? Тоа бил Јехова, кој наредил, а Мојсеј исполнил. Кој има право да ги дели луѓето на Земјата на свои и туѓи: Од каде толкува жед за војна и убиства? Неурамнотеженост во карактерот, брз темперамент, освета. И тоа е Богот кои го создал Универзумот? Толку див и примитивен?  Тој предизвикал ужас на Блискиот исток, ги разорил Арапите и Евреите и не оставил ништо вредно позади себи.

hqdefault.jpg

Еве цитати од Библијата што јасно ни говорат како Мојсеј комуницирал со Јехова  и какво му било лицето негово:

11. И тогаш, Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој. Потоа Мојсеј се враќаше во таборот, а помошникот негов Исус, синот Навинов, младич, не излегуваше од скинијата.

18. Пак рече Мојсеј: “Покажи ми ја славата Своја.”
19. Му одговори: “Ќе одам пред тебе со Моја слава, и ќе те повикам во името Мое: Господ е пред тебе, и кој е за помилување, ќе го помилувам, а кој е за утешение – ќе го утешам.”
20. И потоа рече: “Но лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.”
21. И пак рече Господ: “Ене место при Мене, застани на онаа карпа!
22. А кога ќе помине славата Моја, ќе те ставам во пукнатината на карпата, и ќе те засолнам со раката Своја, додека не поминам;
23. а кога ќе ја кренам раката Своја, ти ќе ме видиш од кон грбот, но лицето Мое не ќе ти се открие тебе.”

18. Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сè, што Јас ќе му заповедам;
19. а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам.
20. Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.  – Втора книга Мојсеева (Исход)

30. И Јаков го нарече она место со името Фануил, зашто, рече; „Бога го видов лице в лице, и душата моја се спаси.” Прва книга Мојсеева (Битие) 32.30

10. И не се појави веќе таков пророк во Изралот, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице со лице;
 Петта книга Мојсеева (Повторени закони)

И слезе Господ во облаков столб, застана при влезот од скинијата на сведоштвото, па го повика Арона и Маријам, и тие излегоа и двајцата.
6. И рече: “Чујте ги Моиве зборови: ако меѓу вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон говорам со него;
7. не е така, меѓутоа со Мојот слуга Мојсеј, – тој е верен на целиот Мој дом:
8. Јас говорам со него уста со уста, и јавно, а не преку гатање, и тој ја виде славата Господова; а вие како не се исплашивте да го прекорувате Мојот слуга Мојсеја?” – Четврта книга Мојсеева (Броеви)

 

Kappa-Japanese-reptilian-alien.jpg

Потоа гледаме дека Јехова е жеден за крвта на новороденчињата во Египет, па дури и за добитокот нивни кој е практично ниту крив ни должен:

e18561d17ff2b211a7575aec9fb672a7.jpg

ancient-art-aliens-ufos

4. И рече Мојсеј: “Вака вели Господ: ‘На полноќ ќе поминам низ Египет,
5. и ќе умре секој првороден во земјата Египетска, од првородениот син Фараонов, кој требаше да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток.
6. И ќе стане пискот голем по целата земја египетска каков што уште немало, ниту некогаш ќе го има. – Втора книга Мојсеева (Исход) 11.5

7. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.” – Прва книга Мојсеева (Битие) 6.7

Потоа гледаме како Јехова бара од Аврам да гo приложи сопствениот син како жртва:

Sacrifice-of-Isaac-1024x640.jpg

2. Бог продолжи: „Земи го сега саканиот син твој Исака, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!” – Прва книга Мојсеева (Битие) 22.2

 

Повторно ладнокрвност, освета и копнеж за убивање на деца и во овој дел Господ е наречен Саваот што многу потсеќа на Сабaoт/Шабат/Сабат односно името на Сатурн:

rl571018a7.png

 

1. Потоа Самуил му рече на Саула: „Господ ме испрати да те помажам за цар над Неговиот народ, над Израилот; а сега чуј го гласот Господов.
2. Така говореше Господ Саваот: „Си спомнав на она, што Амалик му го направи на Израилот, како тој му се испречи на патот кога тој доаѓаше од Египет.
3. Оди сега и порази го Амалика и истреби сè негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни сè што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до осел.”
4. Го собра тогаш Саул неродот и го преброи во Галгал; и тие двесте илјади Израилци пешаци и десет илјади од Јудиното племе.  Прва книга Царства 15.1

 

Исто така гледаме дека Јехова е тиранин и оправдува робовладетелство:

 

42. бидејќи тие се Мои слуги, кои Јас ги изведов од Египетската земја: тие не смеат да се продаваат како што се продаваат робовите.
43. Не товарај го со многу работа и бој се од твојот Господ Бог.
44. Ако сакаш да имаш свој роб и своја робинка, купувајте си роб и робинка од народите што се околу вас; од нив да си земате робови и робинки.
45. Исто така и од децата на преселниците, населени меѓу вас, можете да купувате; и од нивните роднини во земјата ваша ако ги има, и тие да ви бидат сопственост.
46. Можете да ги предавате во наследство и на синовите ваши по вас како вечен имот; а браќата ваши, синовите Израилеви, не обременувајте ги со многу работа. –  Трета книга Мојсеева (Левит) 25.42

Потоа гледаме дека е жеден за освета:

41. Кога ќе го наострам Мојот блескав меч, и раката Моја го прими судот, ќе им се одмаздам на непријателите Мои и ќе им платам на оние што Ме мразат;
42. ќе ги напојам стрелите Свои со крв, и мечот Мој ќе се насити со месо, со крвта од убиените и заробените, од главите на непријателските кнезови. – Петта книга Мојсеева (Повторени закони)  

Јехова исто така е страшно гневен и љубоморен што луѓето обожуваат други богови што не се видливи и страшно голема омраза има кон оние што ги почитуваат култовите на Сонцето, Месечината или Ѕвездите:

1. Ова се наредбите и законите, што сте должни грижливо да ги исполнувате во земјата, која Господ, Бог на татковците, ви ја дава со жреб за сите денови, во кои ќе живеете во таа земја.
2. Разрушете ги сите места, каде што народите им служеле на боговите свои; се’ што ќе земете по високите планини и височини и под секое разгранато дрво;
3. разурнете ги жртвениците нивни и скршете ги столбовите нивни, изгорете ги со оган дабовите нивни и здробете ги идолите на боговите нивни, сотрете го и името нивно од тоа место. – Петта книга Мојсеева (Повторени закони)   12.1

Ако се најде при тебе во еден од градовите твои, кои Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ќе направи зло пред Господа, твојот Бог, и со тоа го престапат заветот Негов,
3. па тргнат и почнат да им служат на други богови, и им се поклонуваат ним, или на сонцето, или на месечината, или на сè што е небеско, кое Јас не сум го заповедал,
4. и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако е тоа вистина, ако е направена таква гнасотија во Израилот,
5. изведете ги тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат. Петта книга Мојсеева (Повторени закони)   17.3

 

21. тие Ме раздразнија со она што не е Бог туку со своите Идоли Ме наскрбија: и Јас ќе ги раздразнам со она што не е народ, туку со народ неразбран ќе ги наскрбам;
22. зашто оган се разгори од јароста Моја; тој нагорува сè до пеколот вечен, ја јаде земјата и житата нејзини, ги изгорува основите на планините;
23. ќе нафрлам врз нив зла и ќе ги вперам против нив стрелите Мои:
24. тие ќе се истоштуваат од глад, ќе ги јадат птици и неизлечиви болести, и ќе испратам против нив ѕверски заби и отров од земни влекачи;
25. од оваа страна ќе ги погубува меч, а во домовите нивни – ужас, поразувајќи младич и девојка и дете доенче и побелен старец.
26. Јас бев рекол: ќе ги расеам и ќе го избришам споменот нивни меѓу луѓето;
27. но го одложив тоа поради озлобеноста на непријателите, за да не живеат долго, се возгордеат, па да речат: „нашата рака е висока, и не го направи сево ова Господ.” – Петта книга Мојсеева (Повторени закони)  32.21

 

Дали ова се карактериски на Севешниот Творец или пак на некој лукав створ? Потоа она што може друго да се извлече од Библијата, е дека Јехова не бил сам во својата дејност, туку придружуван бил од неговиот тим. Станува збор за повеќе ентитети од неговата врста каде во оваа книга ги делат од синовите човечки.

Најпрво Јахве и неговиот тим не се луѓе. Тоа се сосема поикави битија од сосема поинаков извор.  Немојте да се изненадите на овој заклучок. Обратете внимание на начинот на постапувањето на самиот Јехова, како и на неговиот тим кон луѓето. Изразот Син човечки кој го користи, на јазикот на психологот е познат како дистнацирање. Ниту Јехова ниту било кој од неговите сопатници, се опишани дека се сметаат себеси за луѓе. Односно тие самите не се синови човечки.

reptilian.jpg

Интересен е фактот за примитивноста на некои барање на Јехова. Така на пример, обредот на жртвопринесение е задолжителен за Eвреите. Високата технологија и жртвувањето некако и не се вклопуваат на прв поглед. Јехова им дава строги инструкции како да се колат животните и како да му се припреми месото.

8. Па потоа синовите Аронови, свештениците, нека ги наредат деловите, главата и лојта врз дрвата на огнот, што е на жртвеникот.
9. А внатрешнината и нозете нека се измијат со вода; свештеникот нека го стави сето тоа на жртвеникот; тоа е жртва сепаленица, жртва огнена, со благопријатен мирис пред Господа.
10. А ако принесува жртва сепаленица на Господа од ситен добиток, од овци или од кози, нека принесе јагне или јаре, чисто машко и здраво и да ја постави раката врз главата негова.
11. Да се заколе на северната страна од жртвеникот пред Господа, а синовите Аронови, свештениците, нека го прелијат жртвеникот со крвта одозгора наоколу.
12. И нека се расече на делови, а главата со лојот, свештеникот нека ги стави врз дрвата, што се на огнот врз жртвеникот;
13. а внатрешнината и нозете свештеникот нека ги измие со вода и сето тоа нека го донесе и нека го изгори на жртвеникот; тоа принос жртва, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господа.
14. Ако Му принесува на Господа жртва птица како сепаленица, тогаш нека принесе на дар грлица или млад гулаб;
15. свештеникот нека ја принесе на жртвеникот, и извивајќи и ја главата, нека ја откине и нека ја изгори на жртвеникот, крвта да ја исцеди во подножјето на жртвеникот;
16. нека и ги извади гркланот и перјата и заедно со нечистотијата нека ги фрли до жртвеникот од источната страна, каде што е пепелта,
17. па нека ја прекрши меѓу крилјата, но да не ги разделува од неа; и свештеникот потоа нека ја постави на жртвеникот, врз дрвјата што се на огнот; тоа е принос жртва, жртва огненеа со благ пријатен мирис пред Господа. Трета книга Мојсеева (Левит) 8-17

Но зошто покрај таквата технологија би имал корист од еден примитивен народ? Дали можеби на тимот и целиот комплекс му биле потребни работници за исполнување на својата задача – светска окупација? Јехова многу похлепно уживал кај Евреите. Тој барал кожи и ткаенина, масло и драгоцени метали. Олово исто така барал, што е многу интересно. Очигледно Јехова не само поради профит го зимал сето тоа….

Најверојатно била потреба да се менуваат златото и среброто за потрошни материјали за одржување на целата флота на летечките апарати. Но, со кој ги менувал? За производство на горовo, челик и други високи технологии било потребна работа. И очигледно на таа база се било. Работниците морале да бидат облечени и нахранети. Да им се обезбеди престој. Со ова се објаснува неговата лакомост. Сервисните особи биле многубројни.

e0da623981bfd966d2ca474c7f5f5af8_i-2271-e1471035019324.jpg

Кај современиот читател единствена предност пред читателите од минатото е знаењето и способностите да спореди со современата космичка технологија. Јасно е дека древните Евреи таквиот феномен како летачки апарат и оној кој со него управувал предизвикало покорност и почитување како Бог кој се симнал од небото. Без преседан е и оружјето со кое Јехова убива илјадници луѓе за една минута. Со бука доаѓа и заминува, подигајќи притоа облак, исполнет со светол пламен (Езекиел). Понекогаш читањето е шокантно – како тоа може да биде опишано во Библијата? Но темата за летачки апарат присутна е низ целиот Стар Завет. Всушност од таа причина Јехова наведува ужас врз сите народи на блискиот исток. И Евреите како негови избраници се плашат од него кога тој напаѓа. Тој спалува со пламен, создаден од никаде. Сече карпи и ја отвара земјата. Сетоа ова му било непознато на семетскиот пустинец и секако во нивните очи тој за нив е Господ, поточно Господар кој управува со нив и тие ја слушаат неговата волја.

Ваква психолошка рамка им се наметнува во главите на Христијаните и уште од мали  деца ги тераат да ја читаат Библијата и ги воспитуваат во тој правец да се плашат од Господ и да ја прифатат клетвата дека уште од самото раѓање луѓето се грешни и дека треба постојано да се во тага и покајание. И доколку не веруваат во Господ Бог (Јехова) нема да бидат спасени  и ќе во горат во пеколот.

Извор: Свароги

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.