Луксуз, премиум безбедност и спектакулрни карактеристики го красат новото Волво ХС 90

Луксуз, премиум безбедност и спектакулрни карактеристики го красат новото Волво ХС 90Со својата грандиозна појава и елегантен поглед, во Македонија пристигна еден од најпосакуваните атомобили на денешницата. Во новиот Volvo XC90 е посветено внимание и на навидум невидливите ситници, така што секој детаљ е внимателно осмислен и изработен да се фасцинирате од него кога за прв пат ќе го откриете.
Најважната карактеристика – безбедноста, на која во последно време многу често забораваме при изборот на нашиот семеен автомобил, кај новиот Volvo XC90 е доведена до самиот врв на автомобилската индустрија. Со комплетно новиот модел, направен е значителен чекор поблиску до визијата на Шведската компанија дека во сообраќајните незгоди во кои еден од учесниците е сопственик на Volvo, нема да има ниту загинати, ниту тешко повредени лица.
Така наречениот IntelliSafe систем комплетно ја редефинира безбедноста во сообраќајот, грижејќи се притоа и за патниците на Volvo, и за пешаците за кои постојат специјално намeнски поставени воздушни перничиња, но и за другите учесници во евентуалната незгода. Помошните функции на овој систем ги спречуваат, односно превенираат сообраќајните несреќи, но овозможуваат и максимална безбедност и заштита во случај незгодата сепак да се случи.
Благодарение на овој систем, XC90 поседува способност за одржување соодветно растојание од автомобилот пред него, камера со агол од 3600 која дава преглед на автомобилот од сите негови страни за да се забележат евентуалните соседни препреки, предупредување за т.н. „мртов агол“ при гледањето во ретровизор и уште многу други предупредувачки функции кои Ви го олеснуваат возењето со крајна цел што поголема заштита и безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Овој автомобил ги антиципира објектите како пешак, велосипед, животно, возило секогаш кога тие можат да излетаат на патот и да претставуваат опасност за безбедноста, на тој начин што врши автоматско стопирање пред објектот. Исто така, за да ги задржи патниците во безбедна положба при кочењето, врши автоматско затегнување на безбедносните појаси на предните седишта.
Спектакуларниот изглед на новиот XC90 и потполно новиот дизајнерски израз пленат веднаш штом му се доближите – во неговата внатрешност има комбинација на материјали како мека кожа и дрво со рачно изработени детали, вклучувајќи го и менувачот направен од кристално стакло на познатиот Orrefors шведски производител.
Уште еден префинет детаљ ја краси внатрешноста во која сите копчиња се заменети со еден голем touch screen таблет. Тој користи Apple CarPlay систем, чиишто функции, карактеристики и апликации, веќе им се познати на корисниците на паметните мобилни телефони. Станува збор за најлуксузниот и најбезбедниот ентериер на Volvo во досегашната негова историја.
“Овие детали се дизајнирани да бидат „накит“ на внатрешноста. Тие даваат ексклузивна разиграност наместо чиста функционалност”, изјавува Robin Page, директор за внатрешен дизајн во Volvo, Шведска.
Комплетно новиот Volvo XC90 го прават исклучителен и сестран уште неколку иновативни детали. Тука се престижниот и супериорен кожен клуч, можноста за контрола на автомобилот преку сопствениот мобилен телефон, ергономските предни седишта со вентилација и функции за масажа, LED светлата за дневно возење, модернизираната интерпретација на лесно препознатливите Volvo светла кои ја красат задната страна, системот за проверка на квалитетот на внатрешниот воздух, филтерот со активен јаглен кој ги штити патниците од штетните гасови и непријатни миризби, различните начини на возење кои ги задоволуваат индивидуланите стилови и го прават прилагодлив на различните временски услови и прилики: Comfort, Eco, Dynamic, Off-road и Individual.
Новиот СУВ доаѓа во комбинација со пет или седум седишта и со дволитарски дизел мотор со снага од 225 коњски сили. И останатите мотори во понудата имаат исклучиво четири цилиндри и два литра обем. Постои и бензиски мотор со 320 КС, како и хибриден кој има 400КС.
За сите среќници кои ќе бидат во можност да го нарачаат и да го имаат, овој автомобил ветува и ги исполнува најлуксузните очекувања на идните сопственици.
Ителигентно и модерно, интуитивно и интерактивно, комплетно индивидуализирано во склад со човековата природа и потреба. Комплетно новиот Volvo XC90 е постојано буден, претпазлив, со целосна контрола над ситуацијата, супериорен…Тој е вашето второ јас.
ВИЕ И ВАШИОТ XC90 СЕКОГАШ ПОВРЗАНИ!Со својата грандиозна појава и елегантен поглед, во Македонија пристигна еден од најпосакуваните атомобили на денешницата. Во новиот Volvo XC9

Пронајдете не на следниве мрежи: