Lumia 630: Најефтиниот Windows телефон!

На почетокот, иако сите бевме импресионира од интересниот дизајн и оптимизацијата на Windows Phone оперативниот систем, сепак уредите со него беа прилично скапи во однос на конкуренцијата. Ова повеќе не е случајот…Microsoft со моделот Lumia 630 сака да се пробие во ниската класа на телефони, а дефинитивно има предуслови за ова со цена од само 75 евра. Телефонот засега се нуди преку веб-страната Flipkart и е ексклузивен за Индија.
Спецификациите на уредот воопшто не се лоши – 4,5 инчен екран со резолуција од 854 x 480 пиксели, а во внатрешноста се наоѓа quad-core Snapdragon 400 процесор, надополнет со Adreno 305 графички процесор и 512MB RAM.
Меморијата на уредот е 8GB, со тоа што може да ја надоградите преку MicroSD картичка до 128GB. Задната камера е со резолуција од ниски 5 мегапиксели и не поседува LED блиц, а телефонот за жал не поседува предна камера.
Попвеќе на: GSM.MKMicrosoft со моделот Lumia 630 сака да се пробие во ниската класа на телефони, а дефинитивно има предуслови за ова со цена од само 75 евра. Телефон

Пронајдете не на следниве мрежи: