Вчера во просториите на Јавна Соба, Lyoness Македонија организираше успешна хуманитарна аукција на дела изработени од штитениците на Заводот за рехабилитација на деца и младинци Топанско Поле.Овој настан беше организиран преку Child & Family Foundation, а во него активно беа вклучени и Трговските Партнери на компанијата, како и сите членови на Lyoness.
„Lyoness како компанија, преку своите фондации Child & Family Foundation и Greenfinity Foundation отсекогаш се грижела за општеството каде што делува и твори. Овој проект ја потврдува посветеноста на Lyoness во подобрување на заедницата, преку вложување во најранливата категорија граѓани на кои им е потребна најголема помош. Досега во своето работење сме успеале да донесеме насмевки и да ги стоплиме срцата на многумина на кои им била потребна помош.“ – изјави директорот на Lyoness Македонија, г-дин Радован Виточевиќ.
Собраните средства и опрема од хуманитарната аукција ќе бидат искористени за штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци, „Топанско Поле“ и ќе им биде обезбедено она што им е најнеопходно.
Овој настан беше организиран преку Child & Family Foundation, а во него активно беа вклучени и Трговските Партнери на компанијата, како и сите