Момчето Ѓ. Ш. успеало да го избегне масакрот во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ иако бил на списокот што го направил ученикот од 7-мо одделение Коста К. кој уби 8 ученици и чуварот на училиштето.
Ученици, наставници, родители, граѓани и јавни личности вечерва се собраа пред училиштето, а меѓу нив имаше и ученици кои се најдоа на списокот за убиства, но за среќа успеале да ја избегнат трагедијата.
– Не знам зошто моето име се најде на списокот и јас се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав, го знаев само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. На списокот се и моите двајца пријатели, но за среќа не ги застрела. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија, изјави Ѓ. Ш.
Во нападот беа ранети уште седум лица, меѓу кои и наставничка по историја. Лекарите се борат за животот на 13-годишното девојче, кое се здобило со прострелна рана во главата.
Коста го земал пиштолот од татко му, кој во меѓувреме е уапсен. Освен оружјето, осомничениот за масакрот со себе имал и четири молотови коктели. Кривично нема да одговара бидејќи уште нема 14 години.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.