Мадсен: Обоена револуција во Македонија за блокада на турскиот тек

Во обидот за ставање блокада на патот на руско-тускиот гасовод со работно име „Турски тек“, кој треба да донесе природен гас од Русија преку Турција и во Грција, Македонија, Србија до Унгарија и другите централни земји-членки на Европската унија, администрацијата на американскиот претседател Барак Обама има подготвено уште една од таканаречените „обоени револуција“, овој пат во Македонија, тврди Вејн Мaдсен, американски аналитичар и поранешен разузнувач за програмата Гласот на народот на ТВ „Сонце“.– Поттикнувајќи ја опозициската желба за слична обоена револуција во Македонија, американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, и Џорџ Сорос – финансирајќи ги невладините организации и граѓански здржуенија, си играат со оган поттикнувајќи проблеми, користејќи ги албанските националисти. Ваква комбинација би почнала граѓанска војна, која би била слична како таа што веќе една година ја водат прозападните власти Киев и руската и рускојазичната популација од источна Украина – смета Мадсен.
Тој смета дека предизвикувањето спротиставувања и конфронтации меѓу македонските и српските Славјани и Албанците во Македонија, Косово и во српскиот регион Санџак и Прешево, не само што би придонеле за уште една насилна војна на Балканскиот Полуостров, туку, исто така, би го прекинал проектот „Турскиот тек“ низ Балканот и железничкиот коридор од Грција до Будимпешта, финансиран од Кина. Балканот, така, ќе „остане на фронтот, воена зона под тотална доминација на САД и Европската унија“.
– Пораката за Балканот е јасна: ако продолжат да се занимаваат со плановите за „Турскиот гасовод“ и проектот за кинеската железница, Албанците ќе се кренат и ќе се свртат кон граѓанска војна за заштита на интересите на НАТО и на доминацијата на ЕУ насекаде низ Полуостровот – смета американскиот аналитичар.
Балканската стратегија за дестабилизација, вели натаму поранешниот разузнавачки аналитичар на американската Агенција за национална безбедност (NSA), исто така, видлива и кај албанскиот националистички иредентизам, покрај од големата пропустливост на косовско-албанската граница, и особено со неодамнешниот напад врз македонски граничен пункт на полицијата во Гошинце, кога група од 40 вооружени мажи кои носат обележја на забранетата Ослободителна војска на Косово (ОВК), ја заземаа караулата на македонската страна од границата.
– Акцијата дојде во исто време кога на министерот за надворешни работи на Косово Хашим Тачи, поранешен лидер на ОВК/УЧК, доаѓаат закани од српските власти за негово можно аспење за тероризам, доколку допатува во Белград за да присуствува на конференција. Апсењето на министерот за надворешни работи на Косово ќе ја постави основата за конфронтација на НАТО/ЕУ со Србија, уште еден клучен партнер не само во гасоводот „Турски тек“, туку и во таканаречената „кинеска балканска железница“ дел од проектот „Патот на свилата“, кој ќе ги поврзува грчкото пристаниште Пиреја со Будимпешта, преку Македонија и Србија. Нападот од страна на возобновената УЧК на македонската граница, каде што македонските полицајци беа држени во заложништво пред Албанците да се повлечат на Косово, не би бил можен без знаење на воениот заштитник на Косово, НАТО, кој ја поседува најголемата воена база (кампот Бондстил) во Косово.
Во 2001 година, кога силите на ОВК/УЧК, во сојуз со албански националисти во Македонија, се бореа против македонските безбедносни сили во Арачиново,силите на американската приватна воена компанија Military Professional Resources, Inc. (MPRI)“, беа вклучени во двете страни – потсетува Мaдсен.– Поттикнувајќи ја опозициската желба за слична обоена револуција во Македонија, американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, и Џорџ Сор

Пронајдете не на следниве мрежи: