Маестрална изведба на драмата „Овчарот Беро и Берово“ во Бизнис инкубаторот во Берово

Со изведбата на драмата “Овчарот Беро и Берово“ во салата на Бизнис инкубаторот во Берово, беше одбележан светскиот ден на лицата со пречки во развојот 3-ти декември.Претставата која ја изведоа штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Берово заедно со ученици од ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово, е второнаградена претстава на националниот драмски фестивал за лица со и без хендикеп “Игри без маска – ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА“ со што обезбедија место за учество на интернационалниот драмски фестивал кој ќе се одржи во месец април во Македонскиот народен театар.
Токму со оваа соработка помеѓу двете инстутиции сите учесници во претставата сакаа да ја дадат својата порака за недискриминација и важноста од вклучување на лицата со пречки во развојот во општествени и културни настани.

Преполната сала во Бизнис инкубаторот говореше за поддршката на беровчани во одбележувањето на овој ден, додека градоначалникот на општина Берово Драги Наџински во своето обраќање кон присутните ја искажа својата заложба и безрезервност во поддршката и досегашната помош на Дневниот центар која се заложи дека ќе продолжи и понатаму.
Самата претстава е на сценарио на актерката Снежана Конеска Руси, додека истата се подготвуваше под менторство на педагогот од центарот Сузана Демјанска – Чакиевска и професорката по Македонски јазик  Емилија Пачемска.Претставата која ја изведоа штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Берово заедно со ученици од ОСУ “Ацо Русковски&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: