Маестрално дело за поделбите на Македонија.Дело посветено на поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор.
Букурешки договор — мировен договор потпишан на 10 август 1913 г. помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна.
Во оваа војна Бугарија била принудена на отстапки, бидејќи била притисната од другите завојувани страни. ИменоКралството Романија со својата војска вршело постојан притисок од север, здружените војски на Србија и Грција напаѓале од запад, а отоманската војска вршела напади од исток.
Со овој договор исто така била извршена повторна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија,Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел.
Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на балканските земји.
Веднаш потоа започнало асимилирање на Македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци иАлбанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало, иако војната главно се водела во Македонија, Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе.
Наведениве факти недвосмислено докажуваат дека балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на турските поседи во Европа. Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето.
Со години македонскиот народ страдал, а ова маестрално дело не потсетува на страдањата на македонскиот народ.
“Не и се израдувавме на татковината, со едната рака ја оравме со другата ја браневме. И, сеуште ја немаме целосно и асолно одбрането.” се воведните зборови на Петре Темелковски во неговиот филм за Поделбите на Македонија.
Во продолжение погледнете ги силните и емоционални видеа: Дело посветено на поделбата на Македонија со Букурешкиот мировен договор.
Букурешки договор — миро