Мафијашки мудрости од легендарниот Тони Сопрано

Со улогата на мафијашот Тони Сопрано, Џејмс Гандолфин, кој почина ненадејно во Рим, влезе во легендите. За тоа колку беше добро сценариото на серијата во која Гандолфин го глумеше шефот на мафијата, сведочат многубројните совети на Тони, кои вредат „злато“, а свое место си најдоа и во реалноста. Се разбира, овде треба само да го игнорираме фактот дека шефот на мафијата, Сопрано имаше семејство кое не функционираше според законот. Кога треба да зборувате, а кога да премолчите, зошто секогаш треба да се трудите работата да ја комбинирате со задоволството – прочитајте во „деловните“ совети на шефот на мафијата од „Сопранови“.
Познанствата се се
Тони е свесен дека силниот и позитивен однос е клучот за успехот во бизнисот и приватниот живот. Од друга страна, неопределените и конфликтни односи може да доведат до несакани резултати.
Внимателно со информациите
Молчењето е злато. Внимавајте каде зборувате отворено. Не секој разговор е „за сечие уво“. Случајно откриената информација, може да доведе до недоразбирање и да ја поткопа довербата на тимот во лидерот.

Бидете на лице место
Без разлика дали тоа е стриптиз бар или италијански ресторан, Тони Сопрано е секогаш на располагање за своите соработници и со своето присуство им го олеснува донесувањето на нивните одлуки.
Помогнете им на младите
Бидете им заштитник на младите бидејќи тие ќе ви помогнат кога ќе остарите. Тони во работата го „воведе“ својот внук, како метод кој овозможува полесно пренесување на „власта“, но и поддршка во кризни ситуации.
Верувајте во своите соништа
Сопрано во своите соништа ја бараше смислата и многу често тие му помагаа да донесе по некоја тешка одлука. Нашата потсвест често го знае она што свеста одбива да го прифати.
Спојте ја работата со задоволството
Иако идејата „на прв поглед“, се чини контрапродуктивна, Тони го комбинираше бизнисот и задоволството со цел да ги зајакне своите бизнис врски.Со улогата на мафијашот Тони Сопрано, Џејмс Гандолфин, кој почина ненадејно во Рим, влезе во легендите. За тоа колку б

Пронајдете не на следниве мрежи: