КОЈ Е ЦРНИОТ МАГ ШТО ГО ИНИЦИРАЛ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ?

Најпрвин да кажеме дека вистинската историја не е секогаш онаква каква што ни се претставува во историските учебници или општо прифатените “научни” тези, документарни емисии итн., напротив, таа e многу подлабока и најчесто задскриена од очите на јавноста и “смртници” од секојдневието. Ние денеска сеуште не можеме да ги расветлиме вистинските настани што се случувале во блиското минатото за времето на бивша Југославија а камо ли историските настани одиграни од античкиот период. Многу нешта досега се кажани за Александар Македонски, многу се расправало и зборувало, но сега ќе имате прилика да добиете некои малку познати или сосема нови информации. Тука накратко ќе се повикам на прашањето што веќе го зборуваме во претходните објави за Сибрскиот поход на Александар, а тоа прашање е, за која Индија постојано се повторува во нашата историја, која е таа Индија од песните што се собрани од Мило Милојевич и уште некои други југословенски историчари.
Како што пишува рускиот историчар Иван Ташкинов, еден од бројните народи на древниот Сибир, северните Сирбири живееле на Северот, во земјата која била бројна со реки. Дел од Сибирската земја, каде живееле древните Рашани (Сирби) во времето на Птоломеј, кој се повикува на древните извори, оваа земја е наречна India Superior (Првобитна Индија), а подоцна според околните земји оваа територија започнале да ја нарекуваат Серика и да ја поврзуваат со најстарите жители на Сибир – северните Сирби (Срби?). За овие Сирби пишувале Птоломеј и Плиниј Стариот, каде тие дале прилично детален опис за Серика. Серика е густо населена и огромна земја. Според Птоломеј Серика влегува во Индија (India Superior) од запад, се граничи со Азијска Скитија и се наоѓа позади Урал. Terra Incognita е на северо-исток, Чина (Sinae) или Кина е на исток и со јужна Индија се граничи на југ. На средновековните карти по Птоломеј, можеме да прочитаме, Indiа Superior, Indiа Meridion, Indiа Gangptik, па дури Индија на полуостровот Индокина. За нас, поврзано со оваа приказна за Александар, важна е Изворна или Првобитна Индија или Горна Индија – Indiа Superior која се наоѓа на северо-исток од Индостан, во Сибир.
ЗНАЧИ СИБИР СЕ НАРЕКУВАЛ ГОРНА ИНДИЈА!
Современиот лингвист Александар Драгункин смета дека почетната буква “с” при преводот на западните јазици, обично исчезнува. Можно е потаму да исчезнало почетното “с” во именувањето на Сибирскиот народ и неговиот крал Спор, познатиот Пор или на латински Порус. Како што веќе разбравме, Сибир е првобитното име за Индија во тоа време, а кај народите останало и преданието за кралот Пор. Познатото ни е нам дека Александар влегол во конфликт со високиот Пор во Индија.
И сега се поставува прашањето каде се поминувал Александар во својот поход и дали е во прашање денешната современа Индија или е во прашање Индија на тогашните карти, односно Сибирска Индија. Доколку не сте сигурни дека до сега добро сте разбрале за што се работи, да повторам, да, Александар Македонски бил во Сибир и за ова постојат многу докази. Сибир е Праисториската Индија или India Superior и на античките карти може да се најде преводот како “Горна Индија”, односно Почетна. Територијата на Сибир, во древните извори се наркува и Хапта-Хинду (Седморечје), односно Врховна, Оргинална, Изворна или Праисториска Индија (India Superior), земјата Иседона (Esedona, Sinda). Хапта-Хинду е авестинското име за географската област каде живееле аријските племиња до нивното доаѓање во Иран и современата Индија. Хапта-Хинду е Седморечје во буквален превод од авестинскиот јазик кој е речиси идентичен со санскритот каде и двата јазици имаат огромно сличност и поврзаност со балто-словенските јазици. Но, ако се ориентираме на историскиот и митолошкиот материјал, тогаш треба да сметаме дека Хапта-Хинду е всушност India Superior.
Како што знааеме, современата Индија некогаш се нарекува Дравидија, и тоа е недвосмислено, познато и веќе докажано. Дравидија почетно е населена од негроидно население познати како Дравиди и Наги, а денешниот изглед го добиле преку мешањето со белата раса (аријците) од Сибир, односно од Праисториската Индија – India Superior .
Како жителите на Сибир почнале да се спуштаат во се поголем број на оваа територија, така и го донеле и името на својата земја. Па затоа и денеска оваа земја го има името Индија. Името Индија е донесено од белото аријско население. Не случајно е што денеска името Индира е прилично присутно помеѓу нашите северни комшии Србите и Хрватите.
Доколку го разбравме ова да се вратиме сега на Александар Македонски. Потаму, Александар е познат како цар, најголем во историјата, создавач на светска држава итн. Живеел од 356 до 323 п.н.е. Вкупно 33 години. Постојат многу приказни за него и многу не се поклопуваат но имаат заеднички елементи и можно е некои елементи од приказните да се уфрлуваат од една во друга приказна, па во трета итн и да настанува мешање и забуна. Се кажува дека искрено верувал во магијата и дека имал поверение само во еден човек – маг и личен пророк по име Аристнадер Телмескис. Му верувал толку многу, што го консултирал во секоја прилика, а според некои историчари Александар бил жртва на манипулација од тој мистик. Аристандер секаде и секогаш го претел Александар во текот на сите походи, каде него го направил владетел на Персија и Египет и кој ја довел својата војска во Индија. Магот за потомството оставил многу информации за себе и откако биле проучени, се доаѓа до заклучокот дека неговата магија била дар за предвидување. Во своите сонови и предскажувања можел да види настани во кои учествувале оние кои биле заинтересирани за својата иднина и така живо ги опишувал каде што ова ги охрабрувало оние луѓе да превземат итна акција. Тој бил личниот маг на Александар Македонски и пред неговото раѓање. Царот Филип Македонски видел во сон дека тој самиот некако ја запечатил со восок вагината на својата преубава жена Олимпијада (Олимпија), а на восочниот почат била прикажана фигура на лав. Другите пророци се плашеле да говорат за таквите компликации во нивната брачна заедница, но кога Филип го повикал Аристандер, неговото пророштво било охрабрувачко. Тој му рекол на Филип дека кралицата е трудна, и предвидел, дека детето која таа го носи, по својата моќ и храброст ќе биде како лав. Веројатно во оваа приказна додадени се повеќе податоци за Аристандер во однос на она што навистинал бил. Судејќи според се досега, на Аристандер му се препиушуваат настани врзани за раѓањето на Александар кои имаат врска со еден сосема друг маг. И тоа ме наведува на помислата дека некој ги помешал приказните.
А тој маг се нарекувал Нехтaнeб (Nakhthoreb II).

За него било познато уште во 19 век. Во книгата за “Приказната за Александар Велики” која ја издал гласникот на Србското научно друштво 1878 година, во која Стојан Новаковиќ ја обработил на основа на многу извори “Приказната за Александар Велики” , истиот настан се опишува во нешто поинакво светло. Таму се кажува дека Алекснадар не е Филипов син, туку дека неговиот вистински татко е Нехтанаб, црн маг и египетски цар, каде се помош на магија го бранел своето царство од непријателите. Бидејќи имал визија дека Персијците (Аријци) ќе победат во војната, ја ишишал главата и брадата и побегнал во Македонија каде се представувал како исцелител и ѕвездар (астролог). Познато ни е нам дека империјата на Ахменидите, царевите на Персија, го освоиле Египет и дека царот Кир ја држел во покорност и самата Феникија.
A Египет во тоа време го држеле потомците на Хиксите, кои всушност биле јудеи. Всушност и од Хиксите настанале јудеите и тоа не е непознато. Бидејќи Олимпијада, жената Филипова била неплодна, кога Филип заминувал на еден од походите, и рекол нејзе да не му излегува пред очите доколку не роди. Една од робинките на Олимпијада го познавала Нехтанеб и го довела кај Олимпијада и тој и рекол нејзе дека ги гледа боговите Амон, Финес и Јеркурија, веројатно Херкул, и дека ќе постане мајка ако нив им дозволи пристап кон себе. Бидејќи му поверувала, Нехтанеб една ноќ по пат на илузиорната магијска моќ превзел облик на богот Амон и така ја преварил со помош на транс-хипноза Олимпијада и објавил потоа дека во утробата носи цар. Да не навлегуваме во тоа кој од нив двајца, Филип или Нехтенаб, му бил татко на Александар, тоа недвосмислено средновековните сликари го прикажале во своите ремек дела.
Да се потсетиме на делата:Conception of Alexander the Great, Les faize d’Alexandre (translation of Historiae Alexandri Magni of Quintus Curtius Rufus), Bruges ca. 1468-1475. British Library, Burney 169, fol. 14rZeus seduces Olympias. Fresco by Giulio Romano between 1526 and 1534, in Palazzo del Te, Mantua, Italy.Woodcut illustration of the conception of Alexander from Alixandre le grant, printed in Paris by Michel Le Noir ca. 1507-1520.Dragon in the bedroom (conception of Alexander the Great) ‘Talbot Shrewsbury book’, Rouen 1444-1445. BL, Royal 15 E VI, fol. 6r
Иако постојат повеќе слики, тука се обидов да ги издвојам само овие четири. Од сликите јасно се гледа дека Олимпијада спие со друг маж, па дури и Филип ја открива преварата. Во втора слика јасно се гледа дека ”божеството” Зевс-Амон има змијовидно тело, додека во првата и третата јасно е представен Драконот, односно Змејот кој е симбол за маја (илузија) и измама.
Eве што напишал и Плутарх во врска со ова прашање:
Olympias (Greek: Ὀλυμπιάς, pronounced [olympias], c. 375–316 BC[2]) was a daughter of king Neoptolemus I of Epirus, the fourth wife of the king of Macedonia, Philip II, and mother of Alexander the Great. She was a devout member of the orgiastic snake-worshiping cult of Dionysus, and it is suggested by the 1st century AD biographer, Plutarch, that she may have slept with snakes!!!
Дефинитивно Олимпијада била преварена од овој моќен маг и му родила дете. Ова едноставно е нешто што постои како запишано. Филип го дал Александар на школување кај Аристотел а Олимпијада подоцна го дала кај Нехтенаб. Така што е можно всушност да имал два учитела во детството. Аристотел и египетскиот маг Нехтанеб. Веројатно и повеќе од два, но Аристотел бил најпознатиот. Нехтанеб видел во Александар добра прилика да им се освети на Персијците, и започнал да го замајува. Тоа може да ја објасни потребата да иде во освојување на териториите кои владееле царевите од истиот аријски род како што е бил и тој самиот, гледано по родот на Филип и Аргеадската династија која влече потекло од Антите.
Всушност, во тоа време сите тие говореле сеуште на еден ист јазик и се разбирале без потреба од преведувач, што говори дека биле ист народ, иста култура, иста цивилизација, никојпат меѓусебно спротиставени. Дури и на денешниов јазик многу лесно можеме да разбереме зборови од санскритот на Индијците и од авестинскиот јазик на древните Персијци. Аристотел на Александар му всадил приврзаност кон Хеленистиката, иако се говори дека Александар не им давал на своите воини да говорат не некоја тогашна варијанта на грчки јазик, кој бил се друго само не овој денешен современ грчки. Во исто време Нехтенаб во Александар вградил приврзаност кон јудеизмот. Тоа се глада по тоа што Александар два пати во текот на својот поход минувал низ Ерусалим, каде и да се наоѓал тогаш, и единствено тој град бил поштеден од освојување и оштетување. Всушност, во Ерусалим го примил врховниот јудејски свештеник пророкот Еремија. Според советот на Еремија, Александар се молел на нивниот бог Саваот, командантот на јудејските невидливи армии, за успех во походот.
Тука морам да напоменам еден многу важен факт. а тоа е дека во христијанската Библија која е омекната верзија на еврејската Тора, освен Елохим Јехова од хебреискиот (преведен како Господ Бог), се појавува уште еден Господ по име Саваот. Просечниот читател на Библијата нема апсолутно појма дека не се работи тука за Севишниот творец на универзумот, туку се работи за конкретен ентитет со конкретно име – Јехова, каде во преводот гласи како Господ Бог, меѓутоа на оригиналниот хебрејски стои неговото конкретно име – Јехова, кој бил еден од Елохимите. Во истата Библија се среќава и името на уште еден “Господ” кој го носи името Саваот. Поточно кажано Шабаот, или Црниот Сабат (Black Sabbat). Еве еден изводак од библијата за подобро да бидам разбран:
Затоа вели Господ, Господ Саваот, Силниот Израилев: „О, ќе ја истурам јароста на противниците Свои и ќе им се одмаздам на непријателите Свои! – Книга на Пророкот Исаија 1-24.
Тука треба да се додаде дека тогаш сеуште никој никако не можел да наслушне дека низ три века ќе дојде до појавата на христијанстовото како религија, така да тука е јасно видливо дека Саваот е имплементиран во христијанството преку јудеизмот. Христијанството се води како абрахамска религија, односно гранка на јудеизмот и форсирањето на “избраниот народ” во Библијата е повеќе од јасно. Според она што досега сме го ознале и разбрале, Саваот е командант на небесните војски каде приаѓал и Јехова, односно командант на војските на темните сили каде нам на превара ни се вметнати во православното христијанство. Како што се нафрлени и други многу битни елементи од јудеизмот со кои ние ниту како народ ниту како бела раса немаме никаква врска со овој пустински народ и религија. За сеќавањето на Евреите се појавило тогаш името Александар, кое за нив било единствено, а тоа не било од Тората. Може да се постави прашањето за временската разлика помеѓу покорувањето на Египет од страна на Кир, персијскиот цар и династијата на Ахменидите и настаните врзани за Александар и да помислиме дека тоа е премногу долг период за еден човечки живот. Во овој слуучај Нехтанеб. Кир, освојувајќи го Египет, ја доделува за себе титулата фараон а државниот апарат останува скоро непроменет. Речиси сите останале на своите функции и должности. Не е невозможно да Нехтенаб еден од подоцнежните магови кој со задача заминал во Македонија, а од друга страна да се подсетиме дека лажниот цар Петар Велики, враќајки се во Русија, наредил да се убијат сите надарени луѓе (друиди, волхви и магови) кои живеее по 300 години. Особено во тоа време многу алхемичари, магови, шамани, свештеници итн можеле по пат на одреден начин на делување да го продолжат животот многу подолго за разлика од обичните смртници.
Се претпоставува дека ги има и денеска, некаде вон погледот од јавноста на Сибир. Што се однесува до жреците и познавањето на кабалата, не треба да се чудиме дека тие ја познавале тајната на долговечноста, но не и на бесмртноста, иако бесмртноста и долговечноста симболично знаат да ги изедначат. Како и денеска, некои жреци достигнале импозантна старост. Можеби и Нехтенеб. Се на се, до сега можеме да разбереме неколку битни елементи поврзани за разбирањето на Александар Македонски. Еден од нив е тој, зошто денеска Грците го препишуваат за себе, а тоа е поврзано со Аристотел и љубовта кон Хеленизмот каде тој му ја всадил иако тој е по татко Тракиец и мајка од Илирија, а другиот елемент е тој помалку познатиот односно другиот негов учител јудеот Нехтенаб, кој го подучувал на египетските учења, религија и мистицзам. Многумина тврдат, иако Русите недвомислено твдат, дека Александар под нечие влијание бил кодиран да тргне во војна против својот аријски род во Персија (Иран-Аријан) и Индија, каде се зборело словото, па затоа не случајно многу зборови од санскритот и авестинскиот јазик се лесно разбирливи за Словените. Со оглед на тоа дека Нехтанеб бил маг, ја познавал Кабалата и како цар и како маг на Египет, многу е можно да со злоупотреба на Кабалата всадил непријателство кон родот на Филип и дека тој всушност бил одлучувачки момент за одлуката да тргне во освојување, поготово против Персија која го освоила Египет а воедно и него. Нехтанеб е приморан да побегне во Македонија останувајќи без својата позиција. Нехтанеб инаку погинал пред Александар да го наследи царство, паѓајќи од карпа. Откако наполнил 20 години Александар Велики го наследил царството, а магот Аристандер го поставил како свој најблисок советник. Најверојатно е дека Александар стекнал многу знаење од Нехтанеб за магијата, па дури и за траварството и затоа поставил уште еден маг како свој најблизок соработник. Во древните извори може да се најдат записи, во кои е опишано, како пророкот ја работел својата задача, вклучително и следењето на летот на птиците, толкување на соништата, предвидување во утробата на жртвуваните животни и следењето на тајните знаци во светот што ги опкружувал.
Сега да се вратиме на маршутата и целта на Александровиот поход кои не одговараат со официјалната историја. Многу негови победи донеле огромно богатство на неговата војска, но Александар трагал и за некое сосема друго богатство. Позади големите војски оставал прав и пепел, и со некое чудо изнакале десетина градови кои се наречени според него. Историјата ги памети околу 70. Се поставува само прашањето, зошто Алекснадар одел според одреден пат? И кој бил одговорен за одбирањето на таквот правец? Мислам дека веќе тоа до сега го разбравме. Не треба Александровиот поход да го споредуваме со Аријските походи од претходно кои имале сосема различна цел и карактер, да повториме, тие имале за цел да ги одвратат Дравидите и Нагите од култот кон Кали Ма (Црната Мајка) кој барал човечко жртвување. Тие походи не биле освојувачки за разлика од Александровиот. Походот на Александар бил од освојувачки карактер. И никако ниту на било кој начин Александровиот поход не може да се нарече Аријски поход, бидејќи тој на својот пат редовно им се спротиставувал точно на Аријците. Потоа, неговиот поход, можеме слободно да го наречеме Анти-Аријски.
Дека Александар Македонски бил во Сибир, тоа го потврдува историчарот, картографот и географот на Сибир, Ремезов. Во својата “Книга за Сибир” тој дава карта на Долниот Амур со натпис: ”До ова место царот Александар Македонски стигнал, и оружјето го сокри, и ѕвоното (сверата за подводно нуркање) на луѓето им го остави”.Картата на рускиот енциклопедист на Сибир, картограф, историчар Семен Ремезов (1642 -1720) ни ја приведува картата на долниот Амур со надписот: « До сего места царь Александр Македонский доходил, треж(?) спрятал и колокол оставил»
За време на својот Сибирски поход Александар три полни години војувал со Сибирските народи. Во официјалната верзија се споменуваат три години во тој предел кои се нарекува пустелија и дека не се знае што таму правел. Првите години војувал на Предуралието со Уструшаните. Алекснадар не ги победил. Втората војна била со “индискиот” – вендскиот цар, високиот Порус. Куртиј Руф го нарекува Пор како еден од најпаметните и најпросветлените луѓе во тоа време. Јустин пишува дека пред битката Пор го предизвикал Александар на дуел и дека во првиот момент го отфрлил од седлото и дека Александар паднал во кал под ногите на својот коњ Букефал. И доколку телохранителте не ги прекршиле правилата на борбата, крајниот резултат на битката можела да биде сосема поинаква. Третата војна Александар ја водел со Масагетите, вечните Персијски непријатели, кои го погубиле Даријевиот прадедо Кир. Тие исто така биле генетски аријци, баш како и Персијанците. Нивниот главен град во Сибир се нарекувал Масага, а тоа е во областа на современиот Норилск, каде бил градот Нори, каде живееле Гогите и Магогите. На воздушната снимка на Сибир се гледаат остатоци од древните градови, патишта, канали и др, снимени на висина од 10км. Сибир, каде грчките научници, кој го следеле Македонски, го нарекле Индија (India Superior)
За Об, како главен збор за Аријците пишувал во бесмртната поема “Шахнаме” Абулкасим Фирдоуси. Тука се споменува и градот Висаган, а Васјуган на русите им е многу добро познат, како земјата на реките и мочуриштата. Интересно е што земјата Сибир – на сумерски се нарекувала Су-бир, Субар, Субур или Субарту. Во Југартските извори (амаранското писмо) оваа земја е именувана како Сбр, сега позната нам како Сибир, колевката на многу народи и како древна прататковина на дел од Српскиот народ како и другите аријски родови.
Од индијскиот Сибир во Европа во периодите од 200-300 години пристигале во бранови доселениците: хуните, хазарите, бугарите, венгрите, печењезите, половците итн…
Во словенските и другите хроники може да се најде спомнувањето за Александар Македонски:
Во Јоакимскиот летопис се говори за врските помеѓу словенските кнезови и Александар.
Чешкиот летопис носи писмо, дарувано од страна на Александар кон Словените.
Полската “Велика Хроника“ тврди дека волхот Лешек со враќање го истерал Александар Македонски од полските земји.
Големиот кнез Владимир Мономах во своето “Поучение“ изразил уверување дека Александар стигнал во Југра.
Во Лаурентевската хроника под годината 6604 (1096 или 1097 година), може да се прочита дека Александар го посетил крајбрежјето на Ариктичкиот океан. Повторувам, недвосмислено е кажано дека големиот освојувач, Александар, Персијскиот освојувач, основател на државите, обединител на Западот и Истокот, во текот на источниот поход стигнал до крајбрежјето на Арктичкиот океан, и дека ги “приковал во планината” злобните Гог и Магог.
Во Несторовата хроника од 1096 година се наоѓа позната приказна на новогородецот Ѓурјат Рогович за тоа како тој го испратил својот син во Југра, и дека Југрите му збореле за некој мистериозен народ. Еве дел од текстот пренесен од збор до збор:
“Сега сакам да кажам, што сум слушнал пред 4 години и што ми кажа Ѓурат Рогович Новогоредецот, говорејќи:” Го испратив својот слуга во Печор, луѓето кои даваат почест на Новогород. Тогаш дојде мојот син кај нив, а потоа отиде во земјата на Југрите, јазикот на Југрите е неразбирлив, а тие се комшии со нордијските земји. Југрите му рекле на мојот син “најдовме инзворедно чудо, што претходно било непознато, а почнало пред три години; постојат планини, а тие одат во заливското море, висината им е до небото, а на планините има нешто вредно и посебно, и рекол уште, и се обидуваме да се пробиеме позади нив, и во гората има просечен мал премин, а таму има луѓе, кои не го разбираат нашиот јазик, а имаат представа за железо и мафтајќи со рацете бараат железо; и кога некој ќе им даде нож или секира, даваат крзна за замена. Патот на планината е непрооден поради карпи, снег и шума, и затоа не секогаш може да се дојде до нив; планините идат потаму на север”. Му реков на Ѓурјат: ” Тие луѓе се планинските заробеници на Александар, кралот на Македонија“.
Човекот кој ја зaбележал и коментирал приказната на Рогович не е никој друг освен Владимир Мономах. Неговото “Поучение” е вклучено во Лаурентијевскиот летопис и ја вклучува цитираната приказна. Се испоставило следново: Самиот велики Кијевски Кнез Владимир Мономах во своето “Поучение” го учи Новогородецот Ѓурат Рогович дека Александар Македонски ги посетил Југрите и крајбрежјето на Северниот Леден Океан. А пак арапскиот калиф ал-Васик дури испратил опремена експедицја до Железната капија, за да се уверел во вистинитоста. Експедицијата ја водел Салам ат-Тарџуман, кој говорел дури 30 јазици во тоа време.
Кога се вратил после 28 месеци, Салам изјавил: “Вратата е недопрена, гарнизонот не спие”. Тоа било во IX век. Односно, илјада и повеќе години овој објект бил познат ширум светот, и не само некои новогородци оделе до Железната капија.
Во текстовите за походот на Александар Македонски може да се најде трага за тоа, дека тој го изградил големиот ѕид, како одмазда поради поразот во битката на Исток каде тој ја подигнал Бакарната капија. Ѕидот и капијата се еден ист објект, а не два различни. Фирдус, Низам и Навој пишувале дека Александар изградил ѕид и Бакарна капија против Гог и Магог по наговор на мештаните, кои биле напаѓани од овие Гоги и Магоги.
А еве дел од текстот од Хрониката на Иван Грозни:
Тој документ е единствен по тоа што не е подвргнат на “редакција” од власта, и содржи некои многу интересни работи. Потаму, Александар се опростува со Роксана и трга од Персија кон Индија…

Извор: СВАРОГИ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.