Магична мешавина која ќе ви помогне побрзо да заспиете

Loading...

Квалитетниот сон е од големо значење за човекот. За жал, во денешно време сè повеќе имаме проблеми со спиењето бидејќи модерниот начин на живот предизвикува немир и стрес.Недостатокот на сон може да биде фактор кој предизвикува сериозни проблеми, вклучувајќи и срцеви болести кои се причина број 1 за смрт во светот. 
European Heart Journal во 2011 година објави резултати од 15 научни студии кои покажале дека намалувањето на сонот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни и срцеви болести за 48 отсто, додека за 15 отсто ја зголемува можноста од мозочен удар.
Проблемот со спиењето често е поврзан со биохемиските процеси кои настануваат поради зголеменото ниво на хормонот на стрес, а најчесто се манифестираат помеѓу 2 и 4 часот наутро.
Недостатокот на натриум во организмот предизвикува проблеми со спиењето. На човековото тело му е потребна солта, но важно е да знаете колку и каква сол треба да консумирате. Таа би требало да биде чиста непреработена сол без хемиски додатоци кои се наоѓаат во рафинираната индустриска сол.  

Д-р Витиело, директор на државниот универзитет во Сиетл спровел истражување кое покажало дека ниското ниво на натриум предизвикува намалување на волуменот на крвта во организмот.
Намалувањето на волуменот на крв во телото го активира нервниот систем кој го зголемува излачувањето на адреналинот од надбубрежната жлезда. Холистичката медицина има практично и едноставно решение за проблемите со сонот – мешавината од мед и хималајска сол е природен лек кој ќе ви обезбеди цврст и мирен сон. 
Сè што ви е потребно се пет чајни лажички мед и една чајна лажичка хималајска сол. Ставете една лажичка од оваа мешавина под јазикот, 20 минути пред спиењето и оставете да се растопи.
Мешавината исто така делува така што го поттикнува нивото на серотонин во телото, со што ќе го елиминира стресот и ќе ви овозможи мирен сон.
 Недостатокот на сон може да биде фактор кој предизвикува сериозни проблеми, вклучувајќи и срцеви болести кои се причина број 1 за смрт во светот.&n

loading...