Мајчинскиот инстинкт на докторката го спасил животот на новороденото момче!

Несекојдневен гест за кој вреди да се раскажува..Цели дванаесет часа траела драмата во семејството Стевановиќ, откако мајката Слаѓана со помош на свекрвата, на свет донесе здраво бебе, но не знаела што да прави со неговото постојано плачeње, се додека не се појавила младата докторка за да го спаси случајот.
Откако пристигнала младата докторка Владана Бродски и најпрвин сама го доела новороденото бебе, а потоа го и прегледала. Несекојдневниот гест ги израдувал сите во домот, но и малиот јунак, кој веднаш потоа престанал да плаче и мирно заспал. Мајката веднаш била пренесена до најблиската болница за да и ги исчистат остатоците од породувањето.
„Секоја мајка би го направила истото. Среќа што дојам мое дете, па можев да го надојам и овој мал јунак додека неговата мајка се опоравува“, изјавила докторката Бродски.
Кога пристигнала екипата од доктори, ја затекле мајката доста слаба, а нејзиното момче како плаче и имало зелена столица што укажува на глад. Папочната врвца била добро врзана, но плацентата останала. Знеле дека треба веднаш да се пренесе во здравствен центар, на крајот се било средено како што треба, и мајката и детето се во одлична состојба.Цели дванаесет часа траела драмата во семејството Стевановиќ, откако мајката Слаѓана со помош на свекрвата, на свет до

Пронајдете не на следниве мрежи: