Мајка го усмртила синот откако ја затекнал во кревет со дедо му

Мајката која го убила својот 8- годишен син, само затоа што несреќното момче случајно дознало дека таа е во врска неговиот дедо, осудена е на 30 години затвор во Итралија.Вероника Панарело го удавила синот Лорис Стивал со електрични кабли и го оставила неговото тело во канал во местото Санта Кроке на Сицилија.
Панарело по убиството се обидела да се преправа дека нејзиниот син е киднапиран, велејќи ѝ на полицијата дека последен пат го видела кога го оставила на училиште, и дека го немало кога дошла по него.
Полицијата почнала да се сомнева во приказната на мајката откако ги прегледала надзорните камери во училиштето, чии снимки не се совпаѓале со нејзината приказна.
На крај била прогласена за убиство и покривање на тело.
Кога го признала убиството, Вероника се обидела да го обвини таткото на својот сопруг Андреа Стивал, тврдејќи дека тој ѝ помогнал да го најде местото каде ќе го фрли телото на момчето, а потоа и лично го убил, а сето тоа поради тоа што несреќното момче ги фатило среде секс. Стивал најавил тужба за клевета.Вероника Панарело го удавила синот Лорис Стивал со електрични кабли и го оставила неговото тело во канал во местото Санта Кроке на Сицилија.

Пронајдете не на следниве мрежи: