Од јуни, па до средината на септември оваа година, една Хрватка мајка на три деца „вооружена“ со пластичен пиштол е осомничена дека од неколку банки, обложувалница и киоск во Загреб украла околу 90.000 куни (11.800 евра).Таа била „онеспособена“ од банкарски чувар при нејзиниот последен грабеж на експозитура на „Кроација банка“, по што и е предадена на хрватската полиција.
Триесет и четиригодишната загрепчанка во „ограбувачките поход“ одела маскирана со очила за сонце и капа, а по грабежите бегала со трамвај.
Членовите на семејството не знаеле ништо за нејзините криминални активности, иако таа тврди дека ограбените пари ги трошела на „домашните“ долгови, за децата и сопругот.
Судот и одреди едномесечен притвор под обвинение за грабеж на три банки, една обложувалница и киоск.
Инаку, осомничената која работела во обложувалница, досега во три наврати беше жртва на грабежи на нејзиното работно место.
Извор: mkd-news.comТаа била „онеспособена“ од банкарски чувар при нејзиниот последен грабеж на експозитура на „Кроација банка“, по што и