Мајката на Аднан Бабаиќ починала ден пред свадбата: „Мојата мајка не дочека да и стави прстен на рака на снаата“

Аднан Бабаиќ, победник на музичкото шоу „Операција Триумф“, неодамна се ожени со својата избраничка Лејла Шовшиќ, моја живее во Чикаго, Америка. Се поминало во потесниот круг на семејството и пријателите, без никаква прослава, бидејќи на 5. септември починала мајката на Аднан, Уфета.„Тешко ми е да зборувам за тоа. Емоциите ми се измешани. Среќен сум, но и тажен во исто време. Најтешко ми паѓа што мајка ми немаше прилика да ја запознае Лејла. Таа почина во петок, а ден потоа од Америка пристигна мојата сопруга. Многу ми е жал што на венчавката не беше ни мојот татко Хајрудин, кој живее во Германија, а од мајка ми се разведе пред 13 години. Лејла во овој тежок период ми е голема поддршка и да не беше таа, не знам како ќе го преживеев сето ова“, вели Бабаиќ.
Сведоци на венчавката му биле сестра му Бедрана Дењиќ, тетка му Нисвета Фабулиќ и пријателот Несиб Назибеговиќ Буцко.
„Ова требаше да биде најсреќен момент во мојот живот, но се се случи поинаку. Не можев да ги здржам солзите кога сестрата на мојата мајка Нисвета и го врачи прстенот на Лејла од мојата мајка. За жал, на мајка ми не и се оствари желбата на снаата да и го стави прстенот на рака. Таков е животот. Никогаш не знаеш што те чека“, раскажува Аднан.

„Лејла ја запознав минатата година во Неум. Ден претходно сакав да тргнам за Црна Гора, но останав да ги почекам пријателите и заедно да одиме. На плажа ја видов Лејла и веднаш се вљубив. Тоа дефинитивно беше љубов на прв поглед. Ние сме доказ дека таа навистина постои. Во Неум поминавме неколку неверојатни дена, но се што е убаво кратко трае бидејќи таа мораше да се врати во Америка. Потоа бевме во постојан контакт преку Скајп“, вели Аднан.
Лејла во понеделник патува во Америка, каде набрзо ќе и се придружи и Аднан. Во Чикаго ќе склучат и граѓански брак.
„Чекам уште некои документи. Се би требало да  биде готово најдоцна за месец дена, кога тргам за Америка, каде планирам да ја продолжам музичката кариера“.„Тешко ми е да зборувам за тоа. Емоциите ми се измешани. Среќен сум, но и тажен во исто време. Најтешко ми паѓа што мајка ми немаше прилика д

Пронајдете не на следниве мрежи: