Мајката на Џејмс Фоли: Обама ми забрани да го спасам синот

Дајан Фоли, мајка на американскиот новинар Џејмс Фоли  на кој исламските војници му ја отсекоа главата минатиот месец, ја изнела својата горчина поради губитокот  на синот во интервју за СNN и жестоко ја обвини администрацијата на претседателот на САД Барак Обама која и се заканувала со тужба доколку се обиде да го откупи синот.Во потресната исповест госпоѓа Фоли го нарекла обидот за спасување на нејзиниот син „срамотен и шокантен“ и рекла дека тој е жртвуван поради недостигот на комуникации и патриотизам.
„Џим е погубен на најстрашен можен начин. Жртвуван е поради недостаток на координација, комуникација и патриотизам. Ние како семејство мораме да најдеме начин да се носиме со тоа“, рекла мајката на убиениот новинар.
Госпоѓа Фоли рекла дека американските официјални лица рекле дека нема да се обидат да го разменат нејзиниот син за други заробеници и дека нема да првземат никаква воена акција за спасување. Коментирајќи ги тврдењата од Пентагон дека специјалци се обиделе на 4 кули да госпасат Џејмс но ја згрешиле базата, рекла дека семејството знаело каде се наоѓа тој и дека тоа го кажала на Федералното истражно биро – откако е заробен во ноемви 2012 година два пати бил на истото место во Сирија.
„Знаевме се пред нив и пред било кој. Сите беа љубезни, но FBI не искористуваше за да дојде до информации“, рекла очајната мајка додавајќи дека семејството им кажало на федералците се што знаело за да го спаси Џејмс. Но за 20 месеци, колку што се обидувале да го вратат синот дома, почувствувале дека тоа не и е приоритет на државата.

„Само ни кажаа да веруваме дека некако ќе биде ослободен, по некое чудо,што на крај не се случи“, се исповедала разочараната мајка и ги обвинила официјалните лица дека и се заканиле дека кривично ќе ја гонат доколку се обиде да го плати откупот, што ја запрепастило.
„Не можев да поверувам во тоа бидејќи никој никогаш не бил кривично гонет затоа што се обидел да го спаси своето дете
Секој ден се молам владата да почне да учи од грешките и да сфати дека постојат начини на потапување со граѓаните на САД. Стратегијата за елиминирање на Исламската држава и тероризмот е важна, но сепак таа стратегија ја предизвика смртта на Џејмс“.
Во потресната исповест госпоѓа Фоли го нарекла обидот за спасување на нејзиниот син „срамотен и шокантен“ и рекла дека тој е жртвуван п

Пронајдете не на следниве мрежи: