Мајката се маскирала па наместо ќерката полагала матура!

Во Франција овие денови се полага матура, па надлежните образовни институции најавиле остра борба против измамниците. Но, сигурно не очекувале дека ќе фатат измамничка која има 52 години. Таа била мајка на една ученичка па дошла да полага наместо нејзината ќерка.
Како што пренесуваат светските медиуми, мајката Каролин Д. oтишла во гимназија во Париз и наместо нејзината ќерка се обидела да го реши испитот по англиски јазик.
Таа влегла во просторијата и започнала да пишува, но, надзорничката веднаш ја забележала па ги известила надлежните, а тие веднаш ја повикале полицијата. Па мајката била оставена два часа да го решава испитот а кога излегла ја чекале полицајци.
Секако, мајката сега ќе биде казнета, но полошо ќе помине нејзината ќерка  која можеби ќе добие казна – пет години забрана за полагање на матурата .Во Франција овие денови се полага матура, па надлежните образовни институции најавиле остра борба против измамниците.

Пронајдете не на следниве мрежи: