Филип Коротан (26), на 2 јули 2010 година, со 200 убоди од нож ја убил и потоа ја распарчил неговата девојка Штефи П. Австриската порота донесе едногласна пресуда дека е виновен и му беше досудена мерка за доживотен затвор.Меѓутоа, сѐ уште постојат сомневања за околу тоа дали тој е вистинскиот убиец, а неговата мајка Маргит длабоко верува дека Филип е невин. Таа ангажирала двајца професионалци кои ѝ помагаат при пронаоѓањето на нови докази и повторното отворање на процесот. Еден од помагачите е Роланд Фривит, некогашен шеф на криминалистичката полиција во Виена кој сега работи како приватен детектив, а другиот е адвокатот Нико Раст.
Тие побарале да се извршат нови медицински вештачења, бидејќи беше заклучено дека Филип, поради артроза во зглобовите, не би бил во состојба 200 пати да ја избоде девојката. Освен тоа, познатиот австриски професор по психијатрија Рајнхард Халер, прати наод дека Филип има „абнормална реакција на алкохол“, што значи дека лесно може да се напие и на ништо да не се сеќава потоа.
Врз основа на тврдењата, текот на настаните кои се случиле во кобната вечер, би одел вака: Филип се напил на забава, паднал во делириум, а наутро покрај себе пронашол труп кој во паника го исекол на парчиња и го сокрил. Според нив, злосторството можел да го направи и некој друг за да го намести Филип.
За оваа верзија постои и еден сведок кој е трговец со илегални наркотици – Зијад Д. (31). Меѓутоа, судот не го повика Зијад да сведочи. Во меѓувреме, тој под заклетва посочил на извесен Оливер Д., кој исто така се наоѓал во станот во кој се случило злосторството. Поради ова негово тврдење, тој добил многу закани на негова сметка.
Изгледа дека поради скорешните случувања, виенскиот суд ќе биде приморан повторно да го разгледа случајот.Меѓутоа, сѐ уште постојат сомневања за околу тоа дали тој е вистинскиот убиец, а неговата мајка Маргит длабоко верува дека Филип е невин. Таа ангаж