Нова студија од Нов Зеланд докажа дека децата кои постојано се изложени на телевизиска програма се под влијание да имаат проблеми со законот и самоконтролата како возрасни лица.Истражувањето од Универзитетот Отаго следи навики на гледање телевизија кај околу 1.000 деца родени на почетокот од 70-ите, кога биле на возраст помеѓу пет и 15 години, а потоа се навратиле кон нив кога субјектите имале 26 години, за да ги откријат потенцијалните влијанија ОД телевизијата.
Истражувањето кое неделава беше објавено во американското списание Педијатрија, открива силна поврзаност помеѓу детството изложено на телевизијата, и антисоцијалните однесувања кај адолесцентите.
„Ризикот да се биде кримилано обвинет во раната адолесцентност се зголемува за околу 30 проценти со секој час кој децата го минуваат гледајќи телевизија просечно неделно“, вели коавторот на истражувањето Боб Ханкокс.
Студијата исто открива и дека долгото гледање телевизија е поврзано со агресивното однесување, и со зголемената тенденција да се доживуваат негативни емоции. Таму се вели дека поврзаноста останува статистички силна, дури и кај проблемите кои биле предмет на истражувањето, како што се интелигенција, социјален статус и родителска контрола.
„Не велиме дека телевизијата создава антисоцијално однесување, но нашите сознанија наведуваат дека намаленото гледање телевизија може на некој начин да доведе до намалување на стапката на антисоцијално однесување во општеството“, вели Ханкокс.
Тој вели и дека откритијата кои се поддржани од Американската асоцијација на педијатри, упатуваат на тоа дека децата треба да не гледаат повеќе од еден до два часа квалитетна телевизиска програма дневно.
Во студијата исто стои и дека е можно дека децата примиле антисоцијално однесување кога го истото го гледале на телевизија, што може да доведе до намалена емоционална чувствителност и развој на агресивно однесување.
Но исто така се вели и дека содржината на тоа што децата го гледаат не е единствениот фактор, истакнувајќи ја социјалната изолација која е забележана кај оние кои минуваат повеќе часови гледајќи во кутијата.
„Постојат убедливи основи дека долгото гледање телевизија придонесува до антисоцијално однесување, на начин кој и не е поврзан со насилната содржина на гледаната програма“, се вели.
„Овие механизми можат да вклучуваат намалена социјална интеракција со врсниците и со родителите, потоа послаби успеси во образованието, и до зголемен ризик од невработеност“.
Ханкокс објаснува дека студијата е концентрирана кон навиките кај децата да гледаат телевизија во доцните 70-ти и раните 80-ти години, пред појавата на персоналните комјутери, и дека се потребни понатамошни истражувања за да се увиди како таа технологија влијае на подоцнежното однесување.
„Ако играте комјутерски игри кои не само што ве изложуваат на многу насилство, туку всушност и симулираат пукање врз луѓе, тогаш тоа може да биде дури и уште полошо, но немаме никакви податоци во врска со тоа“, изјавил ХанкоксИстражувањето од Универзитетот Отаго следи навики на гледање телевизија кај околу 1.000 деца родени на почетокот од 70-ите, кога биле на возраст по



