Мајли конечно призна: „Ми треба помош“

Пејачката која е позната по многу честите лудории Мајли Сајрус, конечно призна дека нешто не е во ред со неа, и дека навистина и е потребна помош.На насловната страница на магазинот In Touch осамнала Мајли Сајрус, со наслов на интервјуто „Ми треба помош“. Освен тоа, пишува и дека 20-годишната пејачка променила 4 момчиња за само еден месец.
По се изгледа дека Мајли никако не може да го преболи раскинувањето со свршеникот Лиам Хемсворт, па сега е подива од кога и да било. Но, ако може да се суди по пишувањето на овој магазин, трошката светлина се наоѓа во нејзиното признание дека и треба помош.

„Мајли многу го сакаше Лиам и се трудеше нивната врска да успее. На крајот сепак се разминаа. Моментално многу се труди да не размислува на него“ – изјавил извор близок на младата ѕвезда, која се прослави со улогата во серијата-мјузикл на Дизни, Хана Монтана, а која го шокираше светот со својот премногу експлицитен настап на MTV Video Music Awards пред неколку месеци.
Оттогаш се забележува и се озборува секој нејзин потег, и се се толкува како уште една нејзина лоша фаза. Вистина е дека младата ѕвезда е моментално под голем притисок, па не е чуден нејзиниот, всушност многу зрел заклучок дека и треба помош.На насловната страница на магазинот In Touch осамнала Мајли Сајрус, со наслов на интервјуто „Ми треба помош&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: