Споменувањето на името Солун во оваа пригода има потреба од поткрепа: во последните осум-девет столетија Европејците се навикнале на грчките тврдења дека Солун од многу одамна и припаѓа на Грција. Но вистината е дека Солун пред 1913 година – а за тоа има и други сведоштва – никогаш не бил грчки. Дури и кога таму, како и на многу други крајбрежја долго време живееле грчки трговци, морнари и свештеници, а можеби и занаетчии и учители, градот меѓународно-правно и припаѓаше на Македонија. Виктор Мајер пишува: „Солун тогаш беше пред се словенско-турско-егејски град, но во никој случај грчки”.Три години подоцна, во 1886 година, се чинеше дека тронот на грчкиот крал е разнишан. Неколку недели откако бугарските револуционери го спроведоа обединувањето на источна Румелија со кнежеството Бугарија, „сето грчко крајбрежје… беше блокирано од здружените флоти на сите европски велесили”, за да се спречат Грците поради Крит да предизвикаат нова војна против Турција. Бизмарк го извести претставништвото во Санкт Петербург за разговор со грофот Шувалов, рускиот амбасадор во Берлин. Клучниот пасус вели: „Ако силите не интервенираат во Грција во полза на мирот и династијата, ќе биде многу веројатно дека потоа династијата ќе побегне од земјата, а следствено на тоа ќе се прокламира и една елинска република, која не може а да не вшприца отров, како во Македонија така и во радикализираните бугарски и српски племиња…”
Според ова, Бизмарк сосема се загрижи за Грција и се залагаше за одржување на државата. Навистина Грците, вклучувајќи го и нивниот кралски двор, не му беа баш по ќеф, но уште понесимпатично му беше да види републиканци на Акропол. Понатаму, за Бизмарк беше сосема разбирливо, освен Србија и Бугарија, истозначно да ја спомене и Македонија – а како сосед на Грција дури да ја стави на прво место. Оттаму, Бизмарк ги гледа Македонците како самостоен народ. Но, како убеден монархист тој, во согласност со духот на времето, македонскиот народ го смета – најпрво како народ без држава – исто така безобѕирно како маса што му стои на располагање, како што го правеле тоа и алчните соседи.
Од Бизмарк воопшто не се очекуваше симпатија за слобода, независност или право на самоопределба – дури во нејзината во тоа време само рудиментирана форма – или дури за активностите на комитаџиите, т.е. на револуционерите, кои ги нарушуваа редот и мирот, до толку помалку откако тој и во веќе споменатото изјаснување повторно ја застапува познатата линија на кајзерот дека „Германија воопшто не е директно заинтересирана”. Што се однесува до неговиот кајзер, тоа подоцна значително ќе се промени.
Не може да им се оспори консеквентноста на грчките експанзионистички планови. Нивното планирање е навистина на долги патеки.
Откако беа конкретизирани грчките територијални придобивки во Тесалија и во еден дел на јужен Епир, без оглед на приемот на грчката делегација во Берлин, вниманието на Грција се сврте кон следниот објект на нејзиниот глад. Следствено на тоа во Атина почна да се дискутира во врска со прашањето за користа од стапувањето на Грција во еден можен Балкански сојуз.
Како што во 1886 година известил пратеникот гроф Лајден, така атинските весници забележале: „Со извесно задоволство дека почнала да се зацврстува увереноста во самостоен политички развој на балканските држави”. Што се однесувало до евентуалното грчко пристапување, „од Грција, која го застапувала елинизмот, не би можело да се побара врз основа на нејзиниот денешен посед да се впушти во одговорности условени со договор”.
Весникот „Акрополис” додаде уште нешто: „Грција во еден Балкански сојуз би можела да биде застапена на начин соодветен на нејзината национална чест само тогаш кога островот Крит, Епир и Македонија би се соединувале со својата земја – мајка”.
Тука, значи, се појави името! Она на што не се осмели владата, т.е. она што таа не беше лекомислена да го изјави, печатот можеше да си го дозволи. Во секој случај, стои во весникот, значи никој не може да тврди дека оваа експанзионистичка мегаломанија во смисла на Megali Idea не била веќе позната.
Уште тогаш весникот покажа дрскост да напише за „соединување” на (албанскиот северен) Епир и на (македонската) Македонија со грчката земја-мајка. Сепак, во 1886 година тој и не предвиде дека еден ден Грција ќе посегне и по источна Тракија и по азиското копно, по Анатолија – иако таму, за разлика од Македонија, уште многу пред појавувањето на османлиските Турци – Татари и дури и во предвизантиско време живееле Грци, така што аспирациите таму сигурно би можеле да бидат оправдани.
Што се однесува до бројот на Грците што живеат во Македонија – и овој податок како тогаш, така и денес се смета за фундаментален критериум – неколку години подоцна Грците претрпеа значителен удар во форма на реалистично разоткривање. При една сосема редовна посета во Виена кралот Георг не поведе разговор само со царот Франц Јозеф, туку уште еднаш и со министерот за надворешни работи грофот Калноки. Амбасадорот принцот Ројс, слушнал од грофот дека тој кај кралот не забележал ни трага од „далекосежните големогрчки идеи”, Георг не го спомнал ниту Крит.
„Неговите желби, пред се, се однесуваат на црковните состојби во Македонија, каде што грчкиот елемент не е толку застапен, а турската власт ги поттикнува бугарските интервенции. Конечно, Неговото величество му призна на министерот дека во Македонија имало само многу малку Грци”.
Неочекувано признание на грчкиот крал.
Од добрата информираност на грофот Калноски следува – поинаку отколку што се стравуваше со перманентно повторуваните тврдења за постојните етнички и историски права на Грција или на други балкански кралства на Македонија во тоа време (дванаесет години по Берлинскиот конгрес) очигледно сепак не ги зашеметил Големите сили, па тие (во овој случај) не наседнале на грчките прекројувања на историјата.
Од друга страна, пак, овој случај одново дава шанса да се укаже на тврдоглавоста многу повеќе на првобитноста – на кралот посебно, а и на Грците општо, во нивниот стремеж кон голема моќ. Георг и овојпат не се збуни. Точно една година подоцна тој повторно се појави во Виена. А што извести принцот Ројс за неговите најавувања кај австрискиот министер за надворешни работи?
„Тој… досега никогаш не го слушнал кралот толку разумно и смирено да говори. Со моменталната ситуација на Крит тој не бил незадоволен и бил радосен што изгледа дека таму ќе дојде до смирување на состојбата. Неговата главна болка била Македонија, каде што грчкиот елемент се повеќе бил потиснуван од бугарскиот”.
Истрајноста се исплати.
Само шест недели подоцна кралот го привлече вниманието со еден многу значаен гест, кој беше во тесна врска со следната етапа цел на Грција. На прославата на полнолетството – и на традиционалната воена заклетва – на престолонаследникот Константин во декември 1886 година.
„Кралот за време на дворскиот ручек, кој се одржа во чест на пристигнати делегации… од странство, упати многу важен поздрав до Крит, Епир и до Македонија”.
Зад оваа пропаганда се криеше системот.
Ханс – Лотар Штепан
Преземено од: Лоза.мкТри години подоцна, во 1886 година, се чинеше дека тронот на грчкиот крал е разнишан. Неколку недели откако бугарските револуционери го спроведоа о
Пронајдете не на следниве мрежи: