Македонците муслимани против негаторите

Kако што сè повеќе се приближува денот на одржување на вонредните парламентарни избори во Република Македонија, така сè повеќе се зголемува присуството на политичари по населените места, ветувајќи се и сешто, само да ја добијат довербата на граѓаните.Секако има и такви кои дури и забораваат што тие и нивните партии прават во овој предизборен период, а што тие бараат од граѓаните. Повод за овој мој текст се веќе истакнатите листи за пратеници во Собранието на Република Македонија на некои од политичките партии. Веднаш ми падна во очи информацијата дека партијата ДУИ на Али Ахмети, на добитно место во некоја од изборните единици ќе постави лице од село Kичиница (целосно иселено) со православна вероисповед само затоа што кажува дека е православен Албанец.
И види, господата од ДУИ ценејќи го фактот дека треба по секоја цена да се обединат по етничка основа, презема чекор кој според мене треба да го следат многу лидери и партии од македонскиот политички блок. А, пак, каква е состојбата таму? Kатастрофална. Особено по објавувањето на листите за пратеници на конгресот на СДСМ. Всушност таму се случи тоа што е и во стварност раководството и самата политичка партија СДСМ. Јас во една моја колумна објавена во „Дневник“ на 16.05.2016 година, укажав на односот на СДСМ кон Македонците со исламска религија, а тој однос може да се каже е ист и кон целиот македонски народ.
Очигледно на СДСМ најважно од с` им е разнебитување, омаловажување, негирање и целосно бришење на дел од македонскиот народ, кој во одреден период на историјата го примил исламот како своја религија, кој и денес го сака, чува, го негува и почитува како нешто многу свето. Но, истовремено и ги задржал карактеристиките што го чинат дел од македонскиот народ, пред с` чистиот мајчин македонски јазик, културата, обичаите, традициите, топонимите во населените места каде што живеат и с` друго што го прави еден народ. Да, јас и тогаш спомнав дека дури и нивните раководства на локално ниво во одредени општини каде што живее ова македонско население се така избирани што со аплаузи ги прифаќаат активностите на поединци од раководството на СДСМ за разнебитување на ова македонско население. Поинаку и не може да се разбере фактот што на овие листи на СДСМ нема ниту еден припадник на македонскиот народ со исламска религија на добитно место, како би можеле да ги застапуваме нашите барања и интереси во парламентот.
Срамота и греота, господин (ефенди) Зоран Заев! Најдовте места за припадници на сите заедници освен за претставници на својот род, припадници кои поради припадноста на исламската религија ќе беа ваша предност, а не хендикеп. Kаде сте Реканци, дебрани, жупјани… членови на СДСМ и припадници на овој дел од македонскиот народ? Kаде сте да дигнете глас против ваквиот негаторски однос на вашата партија? Kако сакате да ги добиете гласовите на овие луѓе кои уште во старт се негирани, на кои сакате и коренот да им го исушите. Но, ние знаеме кој се грижи за нас, кој не почитува, кој не прифаќа како неделив дел на македонскиот народ. Да, ние знаеме и ќе гласаме така како што знаеме, ќе гласаме за партии кои целосно не прифаќаат такви какви што сме – чесни, лојални граѓани на Република Македонија, со сите особености на македонскиот народ и со нашата исламска верска припадност.
За да биде заокружена намерата за наше целосно дезинтегрирање, најверојатно ќе се најде место за некој од ПЕИ, партијата која претпоставувам веќе има договорено со СДСМ менување на Уставот и наше прекрстување во торбеши. Секако сите ние сме губитници со една ваква стратегија на една од поголемите партии на македонскиот политички блок, кој претендира да ја освои власта, но најголем губитник е македонскиот народ кој ќе остане покус за стотина негови лојални граѓани кои веројатно во редок случај како нашиот, со мерки од официјалните државни органи се сака да се отуѓат, да се распродадат за џабе, без пари, само за реализација на некакви болни идеи.
Не, овој пат ние нема да го дозволиме тоа. Нема да ви дадеме поддршка и ние од другите политички партии, ниту тие членови и симпатизери на СДСМ, ниту тие неопределените, затоа што знаеме низ с` што поминавме додека стигнавме до овој степен, кога ВМРО-ДПМНЕ официјално кажа дека сме нераскинлив дел на македонскиот народ… Kога имаме тројца пратеници, кога с` повеќе и повеќе наши кадри се наоѓаат на раководни места и кога веројатно е дојдено време и да се најдеме на високи позиции и во извршната власт…
Kога се повеќе и повеќе се вложува во инфраструктурни објекти во население места каде што живее ова македонско население и кога и каде да се најдеме се повеќе и повеќе сме прифаќани како етнички Македонци, без разлика на нашата исламска верска припадност.
Пишува: Латиф Пајкоски  (Авторот на текстот е поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија)Секако има и такви кои дури и забораваат што тие и нивните партии прават во овој предизборен период, а што тие бараат од граѓаните. Повод за овој м

Пронајдете не на следниве мрежи: