Македонците од Гора со кандидатска листа на изборите на Косово

На предвремените парламентарни избори во Косово, што ќе се одржат на 11 јуни, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“.На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 13 кандидати од разни делови на целата област Гора. На листата се млади и вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на горанската заедница, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово, вели претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжињер.
Меѓу тринаесетте кандидати се и три жени. На изборното ливче партијата е на 11 место, а мотото на партијата е „Само единствени за Гора“ („Само јединствено за Гора“).
Хоџа упати апел до сите учесници на изборите, изборниот процес да се спроведе во согласност со меѓународните стандради, да биде фер и коректен.
– Реториката и активностите во изборната кампања треба да минат во мирна атмосфера и толеранција, за изборните резултати да бидат израз на желбата на народот. Нашата порака за овие избори е: Гора мора да победи, посочува Хоџа.
Во областа Гора во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.
 На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 13 кандидати од разни делови на целата област Гора. На листата се млади и вредни луѓе, кои се з

Пронајдете не на следниве мрежи: