Македонците се различни од Србите и Бугарите и заслужуваат независност!

Текст кој датира од 28 јули 1914 година и во кој е јасно нагласено дека Македонците се различни од Србите и Бугарите. Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ и величина.
Имено, непосредно пред започнувањето на Првата светска војна Македонија била поделена на три дела, а македонскиот народ се наоѓал под власта на Србија, Бугарија и Грција. 
Во текстот објавен од  28 јули 1914 година се наведува дека Македонците не се ни Срби ни Бугари и  свој јазик, своја индивидуалност и историја, македонскиот народ заслужува да биде слободен и независен.
После неколку месеци и од страна на македонските патриоти е испратен апел до народните пратеници:
„Ние ви изјавуваме дека ние, Македонците, не сме Срби, не сме Бугари и не сме Грци. Но нашето срце е отворено за љубов и вечно пријателство спрема сите вас. Одречете се само од она што во занесот на озлобувањето, предизвикано од подмолните интриги на нашите општи непријатели, сте го зеле со меч и што можете да го задржите за себе само со силата на оружјето. Ставете го правото на она место што му припаѓа – над егоистичните сметки и насилства. И дајте ни нам, на Македонците, можност да го организираме својот живот во родната земја, во согласност со нашите интереси. Не пречете и` на Македонија да стане целосна, самостојна, независна. Слободата на Македонија ќе ви донесе мир; таа ќе стави крај на непријателството меѓу Балканците“ – пишуваат македонските патриоти до народните пратеници на Бугарија, Србија и Грција во 1914 година.
„Големата европска војна, која ги зафати народите речиси на целиот свет, бездруго го има, како една од најважните причини за своето избувнување нерешеното, во свое време, балканско прашање и главно, македонското прашање. Во 1912 година изгледаше дека за сите балкански тешкотии настапува крај. Србите, Бугарите и Грците се обединија и истапија против Турците под формата на ослободувањето на Македонија и Стара Србија. Кон овој сојуз се придружија Македонците, кои со десетини илјади се бореа во редовите на трите армии. Но, за жал, прогласената света цел на војната беше заборавена, заедно со победите на Турците. И како резултат на „делбата на ограбеното“ избувна војната меѓу сојузниците, која заврши со тројната поделба на единствената славјанска земја Македонија. Како што и можеше да се очекува, оваа поделба не ја олесни, туку ја влоши положбата на Балканот. Сите тројца сојузници, откако ги зазедоа, спротивно на правото и правдата, македонските земји, се најдоа лице со лице еден спроти друг и секој од нив, признавајќи ја ненормалноста на поделбата на единствената земја со единствен народ, пројавуваа стремежи да ги присоединат кон себе и другите делови на Македонија.

Сега во моментот на нечуено во историјата судирање на две групи народи, чијшто резултат ќе биде полното менување на политичката карта на Европа, кога учеството во војната на балканските држави, коишто досега останаа неутрални, се диктира од џиновскиот од на настаните, ненормалноста на балканската положба се покажува особено јасно. Со цел таа да се разјасни, европската дипломатија и печатот одново се зафатија со прашањето на Македонија, сметајќи дека неговото најдобро решение може да биде задоволувањето на претензиите на Бугарија кон оваа земја и во изнаоѓањето компензации за Србија и Грција. Притоа се испушта од предвид една околност – тоа е желбата на самите Македонци, нивните национални стремежи. Тие стремежи пак не се состојат во ова што се предлага во дадениов случај. Желбите на Македонците беа изразувани веќе не еднаш во последниве години, нив ги знае и европската дипломатија, и балканските политичари и државниците. Во нив јасно и определено се вели дека Македонија треба да биде самостојна, целосна, независна. Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ и величина.
Имено, непосредно пред започнувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: