Македонец протеран од Рим поради врски со радикалниот ислам

Италија протера државјанин на Албанија и еден oд Македонија, поради поврзаност со радикалниот ислам, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Италија.Полицијата во Бари ги следела 36- годишниот Македонец и 27- годишниот Албанец кои тесно соработувале преку социјалните мрежи со симпатизер на Исламска држава од Мароко.

Тие беа протерани откако полицијата утврди дека тие биле во контакт со муслимански радикали уапсени во Косово поради тероризам, а на чии компјутери се најдени анти-западен и анти-семитски материјал.Италија усвои закон за брзо протерување странци осомничени за тероризам, дури и на лабава основа, по нападот на исламистите во Париз во јануари 2015 година.
Министерот за внатрешни работи, Марко Минтини, рече дека, благодарение на тој закон, Италија е поштедена од терористички напади. Врз основа на овој закон, италијанското Министерство за внатрешни работи досега протера 221 лице, од кои 89 оваа година. Полицијата во Бари ги следела 36- годишниот Македонец и 27- годишниот Албанец кои тесно соработувале преку социјалните мрежи со симпатизер на

Пронајдете не на следниве мрежи: