Во шест месечните активност на проектот „Македонија без отпад“, „Ајде Македонија“ во соработка со Британската Амбасада во Скопје и Медиа Принт Македонија, создадоа прв е-регистар на диви депонии во Македонија, беа направени едукативни предавања и дебати низ повеќе градови низ државата, се организирање акција за собирање на стара хартија, а сето тоа финишираше со националната акција на 3-ти октомври во која се вклучија 19.500 учесници во 67 општини, 235 основни и средни училишта, 40 невладини организации, се придружија 62 средни и 225 основни училишта, а се исчитија над 200 локации низ државата.Ајде Македонија би сакала да им се заблагодари до сите оние кои учествуваа и на било кој начин ја помогнаа оваа акција, пред сѐ невладините здруженија, Британската Амбасада во Скопје, Медиа Принт Македонија, Полиестердеј, НулаОтпад, Пакомак, Екосајкл и мкхост.
Секако, благодарност до Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерствата за образование и наука; одбрана; земјоделство, шумарство и водостопанство; локална самоуправа; ЈП Македонски шуми; Центарот за управување со кризи; Дирекцијата за заштита и спасување, а исто така и голема благодарност до медиумите.
Резултатите се позитивни и нѐ радува фактот што потикнавме активизам кај невладините, компаниите, националните и локални власти за самоорганизирање и масовно вклучување на училиштата и граѓаните во оваа акција на 3 – ти октомври. Отпадот е одговорност на секој граѓанин и секој од нас мора да придонесе за почиста и здрава животна средина.
Ефектите на оваа акција ги надминаа очекувањата на нас како иницијатори. Оваа акција е значајна најмалку од три причини: прво исчистивме голем дел од Македонија, второ се вклучивме во светската акција за чистење на светот, трето за темата на отпадот ја издигнавме на највисоко ниво. Ова укажува дека треба да се продолжи со активности за подобрување на управувањето со отпадот уште пошироко и уште потемелно, со посебен акцент кон селекција на секундарни суровини и нивно насочување во рециклажа.
Отпадот е многу скап ресурс и и нивото на искористеност може да достигне над 95% што зборува за големата вредност која се добива од истиот, стои во текстот испратен од оваа организација.Ајде Македонија би сакала да им се заблагодари до сите оние кои учествуваа и на било кој начин ја помогнаа оваа акција, пред сѐ невладините здружен