Македонија- Бугарија натпревар за фудбалските сладокусци на 14 август

Една од моментно најдобрите балкански фудбалски репрезентации, Бугарија на 14 август доаѓа во Скопје. Составена со осум интернационалци од најдобрите европски лиги, во комбинација со најквалитетните домашни играчи, натпреварот Македонија Бугарија треба да биде вистинско уживање за љубителите на фудбалот!Една од моментно најдобрите балкански фудбалски репрезентации, Бугарија на 14 август доаѓа во Скопје. Составена со осум интернационалци од најдобрите европски лиги, во комбинација со најквалитетните домашни играчи, натпреварот Македонија Бугарија треба да биде вистинско уживање за љубителите на фудбалот!
Соседските  натпревари отсекогаш буделе интерес, а ривалитетот е голем. Иако станува збор за пријателски натпревар, желбата да се победи, да се фати позитивен натпреварувачки ритам и победнички дух, е гаранција да гледаме добар и борбен натпревар, со отворена игра и убави фудбаслки потези.
Над стотина навивачи сигурно се очекуваат да дојдат од Бугарија, бидејќи сепак станува збор за значаен подготвителен натпревар Бугарија, која се бори за учество на светското првенство.
Дека бугарскиот фудбалски тим е навистина квалитетен и наликува на оној легендарен тим со Стоичков, Пенов и останатите веќе фудбалски легенди, потврдуваат резултатите од  нивната квалификациона група, каде Бугарија е на второто место, со реални шанси за пласман.  Дека екипата ја сочинуваат врвни фудбалери, потврдува  последниот натпревар со Италија, каде вицешампионот се спасуваше од пораз.Станислав Манолев од ПСВ Ајдховен, Николај Михајлов од Твенте, Александар Тонев од Астон Вила, Илиан Мицански од Карлсруе и другите играчи се дел од компактниот тим на Бугарија, кој ќе биде вистински тест за македонските фудбалери, кои веќе од февруари 2014 стартуваат со новиот циклус квалификации за европското првенство, што претставува голем предизвик и поттик за нашите фудбалери.
Македонија предводена од Пандев, Ибраими,Тричковски треба да ја прекине лошата серија на резултати, и се надеваме дека токму во натпреварот со соседот Бугарија ќе покажеме дека имаме квалитет и потенцијал на кој можеме да се потпреме во следниот циклус. Фудбалот не би бил фудбал, ако не крие изненадување, а надеж секогаш постои. Затоа да дојдеме на Филип втори и да навиваме за Македонија!Една од моментно најдобрите балкански фудбалски репрезентации, Бугарија на 14 август доаѓа во Скопје. Составена со осу

Пронајдете не на следниве мрежи: