четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонија домаќин на Првиот годишен форум за заштита на личните податоци за земјите од Западен Балкан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонија е домаќин на Првиот годишен форум за заштита на личните податоци за земјите од Западен Балкан.Форумот е во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци, а се реализира во соработка со факултетите за информатички науки и компјутерско инженерство.
На отворањето на форумот најавено е присуство на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска и на директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски.
Претставниците од Македонија, земјите од Западен Балкан и од Норвешкиот орган за заштита на личните податоци ќе разговараат за Cloud Computing и Cyber Security кои имаат големо влијание во сè побрзиот технолошки напредок и користењето на новите технологии при обработката на личните податоци.
Форумот е дел од проектот „Континуирана поддршка за унапредување на системот за заштита на личните податоци“ што се имплементира во Дирекцијата за заштита на личните податоци, а е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
На форумот ќе се промовира и веб-страницата DeleteMe.mk, со која на граѓаните ќе им се овозможи на ефикасен, ефективен и транспарентен начин да се справат со нарушување на приватноста при користењето на социјалните мрежи.Форумот е во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци, а се реализира во соработка со факултетите за информатички науки и компјут

Поврзани вести