Македонија е деветта ракометна сила во светот

Четирите победи во групната фаза беа доволни Македонија да го освои деветтото место на СП во Катар. Иако се доби впечаток дека заслуживме и повеќе, овој пласман е најдоброто остварување на Македонија на светските првенства.На првенството во Египет (1999 г.) бевме 18-ти, на првенството во Хрватска (2009 г.) бевме 11-ти, а пред две години, во Шпанија, го освоиме 14-тото место.
Македонија е деветта, а зад нас се пласираа: Шведска (10), Исланд (11), Аргентина (12), Австрија (13), Египет (14), Тунис (15) и Бразил (16). За редоследот на првите осум позиции, како и за пласманот од 17-то до 24-тото место ќе се знае по завршувањето на сите средби од првенството во Катар.
Извор:rkmetalurg.mkНа првенството во Египет (1999 г.) бевме 18-ти, на првенството во Хрватска (2009 г.) бевме 11-ти, а пред две години, во Шпанија, го освоиме 14-тото

Пронајдете не на следниве мрежи: