понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Македонија и кажа НЕ на ГМО добиточната храна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Република Македонија нема правилник кој овозможува увоз на ГМО добиточна храна, а Владата ќе пристапи кон донесување соодветна правна рамка со која децидно ќе се спречи увоз на генетски модифицирана храна во Република Македонија.  Ова го посочуваат од Владата на Република Македонија, во врска со дебатата која се отвори во јавноста околу увозот на ГМО добиточна храна, а со цел да се избегнат нејаснотии и непрецизности во врска со темата.
Во соопштението се наведува дека одлука со која ќе се овозможи увоз на ГМО добиточна храна Владата нема донесено и дека  премиерот Никола Груевски нема потпишано правилник или одлука која ќе овозможи увоз на ГМО добиточна храна, како и тоа дека до Агенцијата за храна и ветеринарство не е доставено ниту едно барање, ниту е издадено одобрение за ставање во промет на ГМО храна, ниту за луѓе, ниту за животни.
Заклучокот да се пристапи и предложи измени и дополнување на соодветна правна рамка со која децидно ќе се спречи увоз на генетски модифицирана храна во Република Македонија Владата го донесе на последната седница.Ова го посочуваат од Владата на Република Македонија, во врска со дебатата која се отвори во јавноста околу увозот на ГМО добиточна храна

Поврзани вести