Македонија и Србија со заеднички граничен премин на Табановце

Македонија и Србија први во регионот постигнаа договор за олеснување на сите постапки за пренос на стока и патници на граничните премини, изјавија македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ по денешната средба во Белград на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, јаци дописникот на МИА.– Најдовме разбирање во рамките на нашата соработка да воспоставиме една царинска испостава на граничниот железнички премин Табановце и таквата станица да ја финасираме заеднички и да побараме средстава од Фондот за инвестиции за Западен Балкан, за што е веќе разговарано. Се договривме таквиот проект да го почнеме што порано и  мислиме дека во 2019 година ќе можеме да почнеме со градење, изјави Анѓушев.
Разговарано е и за инфраструктурните проекти што ги поврзуваат двете земји, при што Анѓушев посочи дека изградбата на Коридорот 10 веќе е завршена во делот на железницата, а кон крајот на април ќе биде пуштена и последната делница од Демир Капија до Смоквица.
И Белград е подготвен наместо во 2020 година според плановите на ЕУ, изградбата на заедничкиот премин да започне во текот на идната година, изјави вицепремиерката Михајловиќ и додаде дека и во Србија се довршува изградбата на автопатот преку Грделичка Клисура на Коридорот 10.
– До туристичката сезона ќе може да се помине преку Грделичка Клисура. Автопатот донекаде ќе биде изграден и треба да одлучиме дали така ќе го отвориме или ќе почекаме месец-два до есен додека не биде комплетно изграден, изјави Михајловиќ.
Таа изрази благодарност до Македонија за помошта во областа на елоктронското издавање градежни дозволи и катастарот и се заложи за интензивирање на заедничката соработка.
Вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески деенска во Белград имаа средба и со претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж. Пред претставниците на српските компании, членки на комората, ги презентираа можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.– Најдовме разбирање во рамките на нашата соработка да воспоставиме една царинска испостава на граничниот железнички премин Табановце и таква

Пронајдете не на следниве мрежи: