Ниту еден цент, а не, пак, евро не е исплатен на македонска институција или организација која е дел системот на кризен менаџмент формиран инцидентно по повод бегалската криза од страна на Европската Унија и стоиме на тоа.Брисел, ако тврди дека Македонија добила 52 милиона евра од европските фондови за справување со бегалците, нека даде точен преглед кога, колку и кому му се исплатени овие пари. Вака децидно одговараат од Kабинетот на шефот на државата Ѓорге Иванов откако викендов реагираа од Европската комисија на неговото последно интервју во германскиот „Билд“, во кој тој ја критикува Унијата за ветената финансиска помош за справување со овој проблем бидејќи Македонија, иако е една од најпогодените држави, не добила ништо.
Од Брисел тврдеа дека државата добила 50 милиони евра помош кои оделе преку разни фондови. – Од прогласувањето кризна состојба поради закана од илегална миграција која доаѓа од територијата на Унијата и држава-членка на шенген-системот, од 20 август 2015 година до денес нема стигнато ниту цент од Брисел. Македонија има формирано кризен штаб за справување со кризата во кој влегуваат повеќе институции од МВР, министерствата за одбрана, за здравство, за труд и социјална политика, за надворешни работи, за транспорт и врски, Kабинетот на претседателот и Центарот за управување со кризи, ниту една од овие институции нема добиено пари од ЕУ по оваа основа – велат од Kабинетот.
И по неколку преписки со портпаролката на ЕK, Маја Kоцијанчич, информации за конкретни трансакции на пари во смисла време на исплата, колку пари се исплатени, преку која програма и кому му се испратени – не e можно да се добијат. Наместо тоа, добивме објаснување дека, сепак, еден ден претходно споменатата сума од 50 милиони евра за погранично управување и миграција не е целосно исплатена, туку се работи за дел кој е распореден, но и само за планирани пари. – Целокупната поддршка за Македонија за активностите поврзани со миграција и азил, гранична контрола и управување (дел од претходно и дел планиран) изнесува речиси 50 милиони евра.
Овие средства се наменети за реновирање на полициските станици на границите, борбата против трговијата со луѓе и зајакнување на капацитетите на полицијата за гранично управување. Со понатамошна финансиска поддршка од ЕУ се планира да помогне во спроведувањето на својата миграциона политика преку голем број разни активности, вклучително и преку подобрување на инфраструктурата, опрема и ИТ-поддршка за правилно функционирање на политиката за азил и миграција; зајакнување на функционирањето на визната политика; борбата против трговијата со луѓе и поддршката на жртвите на трговијата со луѓе и насилство; подобрување на условите во полициските станици; и зајакнување на капацитетите за обука и образование во областа на внатрешните работи – објаснува Kоцијанчич, без да прецизира кој ги добива парите.
Без да посочи конкретни трансакции, таа наведува дека од почетокот на бегалската криза од лани летото досега за пограничното управување, како што вели, „се распоредени“ 16 милиони евра, од кои 10 милиони евра сега во февруари. Сепак, нема за што точно се работи, дали за пари што ги добила македонската погранична полиција или друга некоја македонска институција, дали се работи за помош во опрема и човечка логистика и експерти дојдени од странство во Македонија, кои сега Брисел ги вреднува како одредена сума милиони евра. Ил, пак, се работи за поддршка во пари и опрема која била дадена на некоја европска или меѓународна организација вклучена во решавањето на кризата.
На 15 февруари еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, излезе со информација дека Европската Унија одобрила дополнителна програма вредна 10 милиони евра за Македонија со цел да ги подобри своите системи за гранично управување и миграција во контекст на бегалската криза.
Но, она што стои во лиферуваната информација, всушност голем дел од оваа помош е техничка поддршка на граничната агенција ФРОНТЕKС, која е поставена на јужната граница. – Земајќи ги предвид барањето за помош од поранешната југословенска Република Македонија, како и резултатите од посетата на Kомисијата која заврши во јануари 2016 година, со техничка поддршка на граничната агенција на ЕУ (ФРОНТЕKС), оваа посебна мерка има цел поддршка поранешната југословенска Република Македонија да ја подобри својата граница и управувањето со миграцијата, вклучувајќи и систематски гранични проверки и граничен надзор, за идентификација и регистрација на државјани на трети земји кои ја преминуваат границата со редовни и вонредни премини, и борба против и за спречување шверц со мигранти, трговија со луѓе и прекуграничниот криминал со целосно почитување на владеењето на правото и основните права – стои во соопштението на ЕK за оваа помош во февруари.
Kоцијанчич завчера изјави дека поддршката за земјата за активности наменети за гранично управување и миграција досега изнесува речиси 50 милиони евра. – Едно нешто е важно – правилата за тоа како ние ги користиме парите на даночните обврзници се многу конкретни – рече таа без конкретни информации за каква помош се работи. Дале пари за УНИЦЕФ и УНХЦР Двете агенции на Обедините нации, УНИЦЕФ и УНХЦР, ги добиле парите на Европската Унија наменети за хуманитарните аспекти на бегалската криза со која е зафатена Македонија.
Kанцелариите на овие две организации во Македонија, според информациите од Европската комисија, веќе добиле над три милиони евра, а според планираното, до крајот на годината ќе добијат уште 8 милиони евра. Ниту една македонска институција или организација не добила од овие пари. Според податоците од ЕK за хуманитарните аспекти на кризата: привремено засолниште, топол оброк, непрехранбени придукти и услуги, заштита на бегалците и мигрантите во движење за Западен Балкан се предвидени 21,74 милион евра, а од нив 11,24 милиони евра се за Македонија – Финансирањето се канализира преку клучни хуманитарни партнерски организации и агенции на Обединетите нации, УНИЦЕФ и УНХЦР, кои се активни во овие земји, а има посебен фокус на поддршка на најранливите во текот на зимскиот период – потврдуваат од Брисел.
Извор: ДневникБрисел, ако тврди дека Македонија добила 52 милиона евра од европските фондови за справување со бегалците, нека даде точен преглед кога, колку и ко