Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа

Министерството за финансии во денешното соопштение во врска со прес-конференцијата на Кире Наумов од СДСМ истакнува дека Македонија останува меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа.– Македонија е умерено задолжена земја и доколку се вкалкулираат средствата од еврообврзницата, согласно податоците на ЕУРОСТАТ Македонија е меѓу десетте најмалку задолжени земји во Европа со јавен долг под 50 отсто од бруто домашен производ, се наведува во соопштенеито.
Постапката за издавање на еврообврзницата, како што посочуваат од Министерството за финансии, е согласно сите законски прописи и е усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата.
– Во проспектот за издавање на еврообврзницата и во одлуката на Владата, кои се службени документи, стои дека средствата од еврообврзницата ќе се искористат за буџетските потреби во 2016 и 2017 година и отплата на долг, се наведува во соопштението.
И покрај сите опструкции од страна на опозицијата, како се додава во соопштението, инвеститорите изразиле доверба во економските политики на Владата.
Од Министерството за финансии нагласуваат дека еврообврзницата ќе обезбеди макроекономска стабилност во турбулентни политички услови.– Македонија е умерено задолжена земја и доколку се вкалкулираат средствата од еврообврзницата, согласно податоците на ЕУРОСТАТ Македонија е

Пронајдете не на следниве мрежи: