Македонија поразена од Босна!

Македонија поразена од Босна- 62:54.Нашата репрезентација одигра слабо пред се кога е во прашање реализацијата, со исклучок на Антиќ и Мекејлеб.
Мечот одлично го почнавме со серија од 7:0, а потоа следуваше пад во играта. БиХ израмни, но и поведе за на крајот да ја добие првата четвртина со 16:15. Во вториот период имаше израмнета игра, заврши 13:13, па поради тоа на полувремето противникот имаше поен предност.
Во второто полувреме македонската репрезентација го контролираше резултатот до крајот на третиот период, а потоа следуваше нов пад во играта и секако сето тоа противникот го искористи. Последниот период БиХ го доби со високи 21:9, па конечниот резултат гласеше 62:54.
Најефикасен во нашиот табор беше Мекејлеб со 19 поени и 6 скокови, а зад него беше Антиќ со 16 поени и седум скокови. Останатите наши кошаркари разочараа.
На нашите кошаркари не им помогна ниту исклучувањето на селекторот на БиХ Александар Петровиќ на кого му попуштија нервите во периодот кога се кршеше резултатот, па неколку пати бурно реагираше, а судиите го остранија од теренот.
Утре Македонија игра против Летонија со почеток во 14:30 часот и ќе треба да победиме и потоа да чекаме да се поклопи математиката.
Извор: kurir.mk
 Нашата репрезентација одигра слабо пред се кога е во прашање реализацијата, со исклучок на Антиќ и Мекејлеб.
Мечот одлично го

Пронајдете не на следниве мрежи: