Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада селекцијата на Хрватска со 78-74.На гостувањето во Славонски Брод, Македонската кошаркарска репрезентација во подготвителниот период за настап на претстојното Европско Првенство во Словенија, ја совлада селекцијата на Хрватска со резултат 78-74.
Ова е првиот триумф на нашата селекција во подготвителниот период.
Селекторот на нашата репрезентација, Алеш Пипан, својата прва победа на кормилото на нашата селекција ја забележа без капитенот Перо Антиќ, поради административни пречки по заминувањето во НБА лигата, односно во тимот на Атланта Хоукс.
Војдан Стојановски со 18 коша беше најефикасен во нашиот табор, а после него беше Бо Мекејлеб со уфрлени 16 коша.
Од таборот на хрватската селекција најефикасни беа Анте Томиќ и Бојан Богадановиќ.
Фото: www.jutarnji.hrНа гостувањето во Славонски Брод, Македонската кошаркарска репрезентација во подготвителниот период за настап на претс