Македонија се сеќава: Што пишуваа аналитичарите за Диво Насеље?

Македонија денес се сеќава на кобниот ден пред една година, 9-ти мај 2015-та. Во жестока битка со терористите кај Диво Насеље, осум припадници на македонските безбедносни сили го положија животот во одбрана на нашата земја и нашиот народ.Експертите тие денови обелоденуваа што точно се случуваше и јавно го објавуваа она што македонскиот народ длабоко во себе го чувствуваше.

Новинарот Дарко Јаневски објави колумна со краток, но остар наслов „Нема простување“.
– Нема некој во државава што по саботните настани не повика на сплотеност и единство. Потоа на ред ќе дојде и помирувањето. Само што овој пат ниту може ниту смее да има помирување со нарачателите на целиот настан, како и со сите тие што овде со денови промовираа атмосфера на насилство, се закануваа, мавтаа со показалецот создавајќи му терен на насилството. И секако, да не ги заборавиме имбецилите што во саботата протестираа пред Владата поради некаква полициска бруталност.Триесет километри од тоа место полицајците гинеа и тоа само два-три дена откако среде Скопје мирно стоеја додека ги маваа со шипки, а овие овде, борци за слобода, протестираа против полициската бруталност. Меѓу нив и оној ексминистер кој пред 15 години молел, фаќал врски преку стариот Kиро Глигоров, кај Љубчо Георгиевски и Доста Димовска да не биде притворен. Бедници. Не помалку од тие, а впрочем станува збор за истата групировка, кои и за Гошинце и за настаните во Kуманово, тврдеа и тврдат дека се режија на Никола Груевски и на Сашо Мијалков за да се спречеле бомбите на Зоран Заев. Морони дебилни, па ако некој сакаше тоа да го прави, ќе чекаше да поминат 30-ина прес-конференции на лидерот на СДСМ? Нема веќе помирување со ваквите. Нема помирување со овие болни умови. Цел живот ли ќе ни помине во тоа да ги трпиме? А не дека не им беше кажано. И дека бомбите на Заев се само играчка за залажување, како прислушувањето на Црвенковски во 2001 година. И дека следно е или Мајдан во Скопје или некаква реприза на 2001. Или комбинација на двете. Им беше нацртано и дека и тогаш на ист начин беа обвинувани Георгиевски и Џафери. Безмалку, с` им беше нацртано до детали. И кога сето тоа не помага, сфаќате дека не се до толку малоумни, чест на исклучоците, туку дека свесно одработуваат. Одработуваат за лустрираниот кој се расфрла со пари од државата на Џес Бејли, одработуваат за државите што финансираат севернокорејска пропаганда среде Балканот, а чии амабасадори и амбасадорки со своите изјави и соопштенија беа солидна логистика на ова што се случува. За тоа дали биле и нешто повеќе, си знае власта.  Осуммина полицајци, допрва ќе видиме дали има и загинати цивили, се преголема цена за да продолжиме да си играме во согласност со вмровската логика дека секој може да ни се качува на глава. Преголема цена, која можеби ќе биде и уште поголема. Оти никогаш не вели никогаш, сеедно што сега може десетпати да напишеме – не дај Боже тоа навистина да се случи.  Ах, и да не заборавиме – немој некому навистина да го лаже умот да продолжи во измислената борба за слобода да ги користи и средношколците, напиша тој за Дневник.

Новинарот Миленко Неделковски се осврна на однесувањето на СДСМ и нивните медиуми перјаници кои пласираа лажни информации и креваа паника и тензии меѓу граѓаните.
„Рацете на Бранко Героски се натопени со крвта на македонските бранители“!
Пишува : Миленко Неделковски на 11.05.2015
-Чуден е животот! Чудни се патиштата божји! За се има правдина и за се има вистина. Начинот на кој се разобличени соросоидните медиуми, финансираните од странство македонски предавници, блиски соработници до странски амбасади што не мислат арно на оваа држава, преку ноќ, само една ноќ, за нивна жал, а наша заради жртвите, после само еден инцидент излегоа на површина. Од вчера, море од завчера, панично почнаа соросидите и сите кои се на страната на СДСМ, а кои знаат дека се виновни, знаат лично и знаат длабоко во себе, знаат по однесувањето на народот кон нив, почнаа панично низ колумни, фејсбук статуси, низ изјави на телевизија, да си го правдаат своето однесување, односно да велат други се криви не сме ние криви за оваа криза, криза која меѓу другото предизвика инцидент и предизвика жртви на наши бранители.Како под конец, се јавија сите што не му мислат арно на овој народ. Прво Бранко Тричковски бара на нашите полицајци и луѓе кои работат во безбедносните структури, на фронтот да не им се дава леб и вода, за да можат тие животи што не ги изгубиле да ги загубат. Значи не само овие што до сега загинале, туку да ги има и други мртви од силите за безбедност. Зошто? Затоа што работат за Република Македонија, што во овој момент Владатa ја води Никола Груевски и ВМРО, тоа за него е клучен аргумент зошто тие луѓе би требало не умрени да умрат? Паралено со него се јави Мирјана Најчевска, која тврди дека се работи за урбана зона и дека во урбана зона не се реагирало со полиција и оружје. Ако е така во тој случај Најчевска ќе мора да ги види примерите во Дарфурд, примерите во Балтимор, примерите во Фергусон, примерите во Франкфурт, каде сака, Мадрид, Париз,каде сака. Меѓутоа не сака да го види Најчевска тоа. Сака да го види Куманово и Дивље Насеље во Куманово. Ништо друго на планетата за неа не постои, само омразата кон својот народ. Веднаш потоа се јави и Владе Милчин за кој веќе еднаш пишував дека крвта од нашите вчера загинати бранители се на неговите раце бидејќи и тој е инспираторот на ова се, да денеска се се комплетира преку паничното сведоштво за немоќта, откакко се комплетно разоткриени во една обемна колумна на Бранко Геровски. Човекот кој протестира, прв е во редовите на протестите против полицијата, против насилството на полицијата иако полицијата е нападната од нивна страна. Човекот кој лажеше дека, на пример Миле Јанакиевски пребегал преку граница. Кој лажеше дека на пример се носат гумени куршуми кон Скопје и покажуваше фотографии од воени конвои со сандаци за муниција, за да се испостави дека се сосема друго. Човек кој го поддржува разнебитувањето на разузнавањето и контраразузнавањето, преку тоа што со помош на Зоран Заев се откриваат ликовите на раководителите на странски разузнавачки служби кои се пријателски расположени кон нас како што е Израел, тој човек денеска обвини дека други се виновни за смртта, за погибијата и за ранетите наши припадници на безбедносните сили. За негова жал, без разлика дали се гледа по социјалните мрежи, без разлика дали се гледа по луѓето што дискутираат во град, на улица, на пазар, на бензинска, каде и да се сретнат без разлика каде…Општото мислење е дека гнасното лице на СДСМ, гадното лице на СОРОС, и сите што се вклучени во тоа, конечно излезе на површина и јасно стана дека СДСМ,СОРОС и соросоидите, се директно впрегнати во агендата за создавање на големо албанска франкејштајн држава. Директно, заедно со се косовскиот лобист кој е лобист за косовските интереси безмалку две децении, Сашо Ордановски заедно со другите се впрегнати најнапред пред сите Милчин,Геровски, Тричковски, Најчевска, Заев, Шеќеринска го водат колото на соработници со странски служби, и уште пострашно-соработници со албанскиот фундаменталистичко терористички кампус.Сите тие, сега јасно покажаа дека сите нивни обиди да се направи дестабилизација преку најразлични пленуми, да се направи дестабилизација преку најразлични блокади, протести, пишувања, измислици лажења по портали, Божјиот прст покажа кои се оние кои дестабилизираат и за чии туѓи дворови одработуваат, во случајов работат за дворовите на албанските сепаратисти и терористи кои влегоа во нашата држава од Косово. Да потсетам, Косово која е протекторат на САД заедно со нивната најголема база Бонстил.Оваа борба која ја водат македонските безбедносни сили кои имаат 100% поддршка од македонскиот народ, од секаде, од сите македонски градови, и на сите возрасти. Таа е наша борба, таа борба ние ќе ја добиеме. Таа борба ја загубија Зоран Заев, Владе Милчин, Бранко Геровски, сите нивни странски поддржувачи, ја загубија и албанските сепаратисти и терористи. Ако може да се види дури и двете албански партии во нашата држава онаа на Ахмети и Тачи повикуваат на сочувување на државата. Разнебитувањето на државата ја бараат само Тричковски, Кабранов, Борјан Јовановски со неговото семејство, Бранко Геровски со неговата булумента. За нивна жал, македонскиот народ застана на својата страна, на правата страна, на страната на правдината, на Божјата страна. Тие изроди се на спротивната страна. Нивниот крај е евидентен. Нивниот финиш во кариерите, амбициите и животите е многу предвидлив и за многу кратко ќе го видиме нивниот колапс. На крај да им порачам, на сите овие набројани низ текстов, а и нивното пошироко друштво. Ова што и го направија на Македонија нема заборавање. Не само морална, но ќе понесат и кривична одговорност, и ќе мора да бидат изложени на најстроги санкции. Заборавање на ова што и го направија на Македонија, на своите сограѓани, на својата држава и нација, на иднината на сите наши поколенија никој нема да им го заборави, и за тоа дебело ќе бидат санкционирани, напиша тогаш новинарот.

За она што точно се случуваше тој тажен ден, говореше и новинарот Бобан Нонковиќ. Во каква опасност беше втурната Македонија и од што беше тој ден спасен македонскиот народ?
-За споредба меѓу терористичкиот напад во Дива Населба во Куманово и терористичкиот напад во Париз има апсолутна еднаквост во равенката дека главна и крајна цел и на едната и другата група беа цивилни жртви преку организирање на симултан напад во одредено време, во одреден ден со таргетирање на јавни објекти, каде би имало што повеќе народ за да се предизвика што поголем број на цивилни жртви. Rазликата меѓу случувањата во Париз и Дива Населба, е тоа што државата го стави грбот да го заштити цивилниот народ. Тоа го направија херои македонски кои го жртвуваа својот живот за да спасат најмалку стотина и стотина македонски државјани без разлика од кој етникум и религиска припадност. За разлика од тоа во Франција не настрада ниту еден припадник на безбедносните сили, а настрадаа 129 недолжни цивилни жртви. Секогаш кога ќе се прават паралели треба тоа да се има во предвид. Во Македонија има платеници кои добиваат пари да шират пропаганди, препознаени се кај македонскиот народ и истите нема да избегаат од својата зла судбина, а тоа е да бидат проголтани во фекалиите на сопствената храна. Ќе се удават во истите затоа што истите уринираа врз гробовите на македонските безбедносни сили, истите преку својот претседател на партијата СДСМ одеа да се сликаат со јатаците на терористичката група во Куманово, вели Нонковиќ.

Сотир Костов за ДНЕВНИК тогаш ги анализираше случувањата, изразувајќи длабока тага за загубата на Македонија, но вперувајќи го прстот кон оние кои тие денови заслужија најостра осуда.
„Тривум ступидус на Заев и неговите мегафони“
– Република Македонија повторно е нападната од вооружени терористи. Тие, крволочните кучиња на војната, повторно на брутален начин го нарушија јавниот ред и мир, ја загрозија безбедноста и сигурноста на живеењето и се обидоа да го повредат територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Македонија повторно крвави. Вооружените терористи-ѕверови со употреба на автоматско оружје, бомби/гранати и снајпери, без повод и никаква потреба убија осум храбри сина на Македонија, припадници на полицијата на Република Македонија. Ќе изнајдеме ли зборови на изразување на сочувство што ќе ја намалат болката? Ќе изнајдеме ли сила да ја победиме болката? Kако дојде до тоа храбрите македонски синови повторно да бидат убивани од страна на вооружени терористи уфрлени во Република Македонија однадвор, а потпомогнати од свои јатаци во Македонија?Сигурен сум дека с` почна со налудничавата и неморална игра на Зоран Заев – фрлање бомби. Внатрешната кулминација на лудилото предизвикано од Заев се случи дента кога тој го изведе досега невидениот торнадо спин во врска со убиството на Мартин Нешковски и поттикна, подбуцна млади луѓе да демонстрираат. Работите излегоа од контрола, ако воопшто и имало контрола на сета таа работа, кога разбеснетите демонстранти видно алкохолизирани ја почнаа фазата напад на полициските припадници кои ги заштитуваа државните институции со „Удрете, бе, братучеди, удрете“.  И да се разбереме, нема веќе правдање за ова, во стилот тоа биле уфрлени маскирани провокатори помеѓу тие што протестирале. Десетици и стотици пати ги гледав снимките на безмалку сите телевизии во Република Македонија. Физичкиот напад врз припадниците на полицијата го извршија немаскирани луѓе на просторот помеѓу јарболите на кои е истакнато македонското знаме и платото пред Владата на Република Македонија. Тврдам, и сигурен сум во тоа дека дури потоа се појави мала група на маскирани во фантомки, кои продолжија со нападите врз припадниците на полицијата. Ваквото насилничко и вандалско однесување од немаскираните демонстранти, како врв на непочитување на институциите на Република Македонија, претставуваше еден вид сигнал за напад или поточно саскање на кучињата на војната да отпочнат со фазата „Убивајте, бе, и задоволете ја својата жед за крв“.  А на потврдено докажани меѓународни крволовци, истренирани терористи, повеќе и не им треба. Овој пат го избраа Kуманово и Дива Населба, од каде што се спремаа да го започнат својот поход, поточно напад врз институциите на државата, полицијата и цивилното население. За среќа, не успеаја во својата намера, беа пресретнати од припадниците на македонската полиција и спречени во намерата. Територијалниот интегритет и суверенитет е зачуван, безбедноста, сигурноста на населението и јавниот ред и мир повратени, а уставниот систем одбранет. Но, за жал и овој пат Македонија тоа го плати со голема, немерлива цена – пролеана македонска крв, неповратно изгубени осум млади животи и над триесеттина тешко и лесно повредени припадници на полициските сили. За среќа, како што некои посакуваа, цивилни жртви овој пат немаше. Најзаслужни за тоа се токму припадниците на македонската полиција, кои само пред неколку дена неосновано, неморално и без никаков срам и арам, најпрвин беа обвинети за полициска бруталност (непостојна), па потоа навредувани и малтретирани, а на крајот и физички нападнати и повредени. И додека во саботата полицијата и останатите македонски институции цел ден храбро се бореа, против уфрлените вооружени терористи, да ја одбранат територијата и цивилното население на Република Македонија, Зоран Заев и СДСМ, потпомогнати со ресурсите на соросовата организација и останатите нивни мегафони, без чувство на срам и одговорност, а за морал и да не зборуваме, продолжија да го создаваат, за нив карактеристичниот, воен тривиум на медиумската граматика, дијалектика и реторика. Тоа е тривиум во специфична сдсмовска изведба – тривиум ступидус.Граматиката на овој тривиум ступидус е со изразена високомерност, преполна со презир кон сите други, освен кон себеси, но и полна со малограѓанштина, т.е простачка побуда да се искористи моментот и на бесрамен начин да се дојде до политички поени и заработка. Дијалектиката, пак, на овој тривиум ступидус е уште погрозна, но и злонамерна, и се состои во прикривање на своите очигледни и големи слабости, и стратешки грешки во политиката, на тој начин што му се препишуваат на политичкиот противник. Во смисла ние не сме криви за настанатата ситуација, кривицата е на ВМРО и ДУИ. Најцрниот дел од овој тривиум ступидус на напред наведените субјекти е нивната реторика. Таа се состои од композит на расипаност, измислување неточни факти, податоци, информации и настани, лицемерство, нетактичност и кукавичлак. Kако е можно сите да зборуваат за вооружен конфликт, со вооружена терористичка група уфрлена однадвор, а само Заев, неговите најблиски соработници и мегафоните што го поддржуваат, да зборуваат за црно сценарио, со алузија направена од власта на Република Македонија. Има ли Петар Шилегов барем малку домашно воспитување, образование и хуманост кога си дозволува да игра мајтап со полициските службеници што се борат со терористите и храбро гинат, а тој да зборува за детската игра камај. Kаде му е новинарскиот сенс на Бранко Геровски кога за припадниците на полицијата вели: „Вежбајте, пукајте, не ви се плашиме“! Па и не треба да им се плашите, бидејќи тие доколку пукаат, пукаат само во вооружени терористи за да ја бранат и одбранат нашата Македонија. Не, не, драги мои, македонската полиција не пукаше, не пука и нема да пука во македонскиот народ. Ако некој не знае која и каква е разликата помеѓу вооружените терористи и нашата полиција, нека се обиде на терористите да им го прави тоа што седум дена наназад го правеше на нашата полиција, па ќе се увери кој е кој и што е што. Можеби и тогаш некој ќе сфати кого треба да почитува, од кого да се плаши и кого да го напаѓа. Kако можеа Фрчко, Ѓунер и неколкуте нивни другачки, како врвни интелектуалци, а првиот и поранешен прв човек на македонската полиција, додека македонските полицајци се бореа и гинеа, тие да протестираат пред Владата и цинично да се однесуваат. Јебига, не знам, можеби Фрчко с` уште е разочаран што Ѓунер никако да му даде вратоврска како на Бранко Црвенковски, па затоа падна во очај по настапот на Бранко на телевизија „Телма“, настап во кој најсветла точка беше неговата вратоврска. Kолку што го познавам Ѓунер, мислам дека само игра малку мајтап со Фрчко, и го држи во неизвесност, но на крај ќе му ја даде посакуваната вратоврска, па мали Ѓокица ќе може да ја игра улогата на „голем“ државник, кој сепак не знае кога е време за бранење на сопствената држава, а кога треба да се протестира против истата. Можеби и немаше да го напишам вториот дел од оваа колумна ако Зоран Заев, претседателот на СДСМ, кој милува да се претставува како претседател на целата опозиција во Република Македонија, излезеше пред јавноста, ги осудеше дејствијата на терористичката група, изразеше жалење за изгубените животи и повредените припадници на полицијата, и во манир на вистински политичар, да не речам државник кој знае што е сопствена држава и одбрана на истата од напади однадвор, се ставеше на располагање, тој и неговиот СДСМ, за одбрана на заедничката ни татковина. Е тоа го можат само големите државници и политичарите што знаат кога и што треба да направат. Очигледно Заев не е еден од нив. Ни останува да ја очекуваме неговата следна бомба, напиша тогаш Костов.Експертите тие денови обелоденуваа што точно се случуваше и јавно го објавуваа она што македонскиот народ длабоко во себе го чувствуваше.

Пронајдете не на следниве мрежи: