Македонија со победа оди на Европското првенство во Данска!

Loading...

Македонската ракометарна репрезентација вечерва покажа како се игра со срце за Македонија и ја совлада Португалија со 28:16. 
Со оваа победа Македонија обезбеди пласман на ЕП во Данска кое ќе се одржи од 14-ти до 26-ти јануари следната година. 
Половина од првото полувреме помина во испитување на силите. Се играше гол за гол, со мали кризи во играта на нашиот национален состав. При резултат 8:8, селекторот Ивица Обрван побара тајм-аут, а по оваа мала пауза нашите ракометари се разиграа. Направија серија од 6:1, па на една минута до крајот на полувремето Македонија имаше пет голови позитива. До крајот на првиот дел Португалците постигнаа гол, па конечниот резултат изнесуваше 14:10.
 Во второто полувреме во одредени моменти од мечот повторно имаше криза во нашата игра, Португалија успеа да дојде до минус еден, но сепак кога во игра заедно влегоа Лазаров, Мојсоски, Стоилов, Македонија повторно ја зголеми разликата, па на пет минути до крајот нашата селекција имаше најголеми шест голови позитива 23:17.
До крајот на мечот рутински, искусно нашите ракометари ја одржуваа предноста, но успеаја за еден гол и да ја зголемат разликата за конечни 26:19 и голема еуфорија во салата „Борис Трајковски“.
 
Македонската ракометарна репрезентација вечерва покажа како се игра со срце за Македонија и ја совлада Португалија со

loading...
Loading...