Македонија станува двојазична држава, Законот за јазиците помина на Влада

Вечерва на владина седница поминал предлог – законот за употребата на албанскиот јазик.  Верзијата што е помината предвидува двојазичност на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници во општините со најмалку 20% Албанци, како и во Градот Скопје. 
 
 
Вечерва на владина седница поминал предлог – законот за употребата на албанскиот јазик.  Верзијата што е помината предвидува двојазичност на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници во општините со најмалку 20% Албанци, како и во Градот Скопје.
Еве како гласи тој дел од Законот: 
„Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.“
За двојазичност на униформите на армијата ќе се бара мислење од Венецијанската комисија. Исто така, законот предвидува парите и поштенските маркички да содржат симболи значајни за Македонците и за Албанците.
Ќе се менуваат и парите:
„Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.“
Албанскиот експлицитно се наведува како втор во текстот кој што утре ќе оди во Собранието на усвојување:
Еве како гласи членот 1
На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.Исто така, се предвидува граѓаните да имаат право да употребуваат било кој од наведените службени јазици и нивните писма. Институциите ќе имаат обврска да им овозможат на граѓаните да ги користат и применуваат тие службени јазици. Инаку, предлог-законот е можно веќе утре да биде испратен во парламентарна постапка.
 
 
 
 
  
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: