Мaкедонија во теориите на заговор: Како не создадоа за да ги уништиме Бугарија и Грција?!

Ова не е шега, колку и да звучи смешно, туку денешна реалност во главите на нашите соседи.
Двајцата научници интервјуирале 47 члена на видни политички партии во Грција. И еве што утврдиле. Во првата теорија на заговор, како што ја нарекуваат самите професори, веруваат функционери на Политичка пролет, Нова демократија (главната десница во Грција) и ПАСОК (грчката левица). 

Вториот пасус (за американскиот заговор), исто така, е убедување на припадниците на овие партии, но во помал број. Најоригинални се грчките комунисти, кои и во спорот за името гледаат начин како омразениот капитализам да се одржи во живот (третиот пасус).

Грофот Игнатиев, тајниот руски план, комунистите и Канада

Ако досега прочитаното ви беше забавно (иако прашање колку треба да се смееме на ова), еве уште една комбинација, составена од баби и жаби. Но, овие теории се директно спонзорирани од грчката влада.

Во 2011 година на 5 март на Универзитет „Торонто“ во Канада беше одржано предавање под наслов „Хеленизмот од внатре“, како што рековме, спонзорирано од грчката влада. Некој историчар на грчката влада (не најдовме никакви референци за него на интернет) по име Христос Карацијас ги изнесува следниве видувања за Македонија: македонското прашање е измислено од грофот Николај Павловиќ Игнатиев (министер за надворешни работи на Царска Русија и идеен творец на Санстефанска Бугарија) и неговата пансловенска желба да ги обезбеди грчките пристаништа за рускиот цар.

Тој гроф е предок на Мајкл Игнатиев, лидерот на канадските либерали до 2011 година (значи и Канада ќе ѝ прави нешто на Грција). Второто откритие на Карацијас и неговиот тогашен ментор и грчки премиер Јоргос Папандреу е уште „пофилмско“ – дека заговорот на Игнатиев некако бил вметнат во „комунистичкиот заговор“ од 1945 година кога е создадена вештачка држава Македонија. Третото откритие е дека децата-бегалци од Егејска Македонија (1949 година), всушност, се грчки деца што комунистите под плаштот на ноќта и под закана со нож ги однеле од Грција.

На ваквите генијални откритија реагираше и Обединета македонска дијаспора со соопштение до канадската јавност.

И по трет пат пишуваме, да нема забуна, колку и да звучи глупаво и смешно, сето тоа е директно финансирани од владата на Папандреу Е, да, тука е и Бугарија. Нивното е општо познато во Македонија. Македонците (всушност преобратени Бугари) се создадени за да однатре се уништи бугарското ткиво, за Србија и Грција да имаа заедничка граница.

Време на теории на заговор

Но, и ние сме многу далеку од Грците, да бидеме искрени. Живееме во време на теории на заговор. Групите за и против смена на името меѓусебно се обвинуваат со теории дека со тоа што го прават ќе ја уништат Македонија. Холивуд прави милијарди од филмовите за теории на заговор, модерните пророци се повикуваа на Маите дека крајот на светот е во 2012 година, а Советот на Европа сѐ уште не успеа да го разоткрие заговорот меѓу Светската здравствена организација и фармацевтските гиганти во големата приказна за свинскиот грип.

И уште многу, многу други теории. Некои навистина се глупости, но тоа не е суштината на оваа анализа.

За разлика од прикаските што Грците ги ставиле во глава, нивното главно страшило, Македонија, е навистина жртва на заговор – не на теорија. Ниту еден народ во Европа нема толку настрадано од заговори како Македонија – во секоја смисла на зборот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 3 КАДЕ ШТО ЌЕ НАЈДЕТЕ МНОГУ КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ НА ОВАА ТЕМА 👇👇👇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.