Македонијо, off мори мајко

Време е за уште еден критичко-сатиричен осврт на случувањата од секојдневниот живот во рубриката „Македонијо, off мори мајко“ на афористичарот Марјан Анѓеловски.Новата 2016. година му донесе бран инспирација на Марјан, а тоа може да се забележи во избраните ТОП 7 афоризми за оваа недела.
– Господ нѐ чува нас Македонците. Во лудница!
– Жив се јадам што сум мртов гладен.
– Политичарите се секогаш тука да ни пружат рака. Во џебот!
– Уметничко лизгање? Тоа е она кога ќе ти се лизне сликата од раце.
– Легендата вели дека постоеле и поидиотски твитови од овие што почнуваат со „легендата вели“…
– Имаме несекојдневна исхрана. Не јадеме секој ден.
– И оној кој ги влече сите конци еден ден ќе скине конци.

Пронајдете не на следниве мрежи: