Македонијо, off мори мајко

Еволуцијата на рубриката „Македонијо, off мори мајко“ продолжува по својот тек и во 2016 година.Во чест на тоа, денес ви донесуваме нови седум афоризми на Марјан Анѓеловски:
– Мајмунот погреши што стана човек. Човечки е да се греши.
– Се бара мозокот на самоубиствениот терористички напад. А се бараат и другите органи.
– Во последно време сѐ почесто се вртам дома. Еве баш вчера се вртев.
– Отидени се. Затоа сакаме да си одат.
– Во сексот и вегетаријанците сакаат мрсни работи.
– На сите оние кои што кажаа дека Македонија е луда држава им благодариме што ни се обраќаат под уставното име.
– Не успеав да го залажам гладот. Не ми верува повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи: