По повод ставовите за повеќе актуелни теми за Македонија и регионот, изнесени од поранешниот директор на Институт за мир во Вашингтон и одличен познавач на состојбите на Балканот, г-динот Даниел Сервер, во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце, претседателот на Македонската Алијанса, г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го даде следниот коментар:„Во името на Македонската Алијанса и како претставник на македонската дијаспора, сакам да ги поздравам ставовите на американските експерти, кои уште еднаш потврдуваат дека САД биле, се, и ќе останат најголемите пријатели и стратешки сојузници на нашата татковина Македонија.
Станува сѐ поизвесно дека новата атинска Влада ќе продолжи да чекори по стапките на претходниците, застапувајќи ги досегашните ирационални позиции, кои може да продуцираат само нови блокади кон Македонија.
Ставовите на официјална Атина со кои Македонија се обвинува за иредентизам и наводни територијални претензии се надвор од здравата логика и одамна веќе ниту поминуваат ниту пак можат да бидат прифатливи за нашите меѓународни пријатели.
Нашите заложби за Македонците кои живеат во соседните региони се да можат во 21-век да ги имаат основните човекови слободи и права, да имаат право на универзалните демократски придобивки кои ги ужива секој светски народ, не се и не можат да бидат протолкувани како иредентизам.
Ако веќе говориме со таков речник, тогаш притисоците, блокадите, провокациите од армијата и црквата и подземните игри на грчките власти кон Македонија и Македонците се многу блиску до иредентизам.
Македонија сака да стане дел од Европската Унија и НАТО Алијансата, но Македонците никогаш нема да бидат подготвени за тоа да ја платат највисоката цена, да го сменат вековното име на татковината и да се откажат од својот идентитет.
Македонската Алијанса апелира до нашите меѓународни пријатели да престанат да ги толерираат ирационалните позиции на официјална Атина и да стават крај на политиките на уцени и блокади кои доаѓаат од земја членка на ЕУ и НАТО.“„Во името на Македонската Алијанса и како претставник на македонската дијаспора, сакам да ги поздравам ставовите на американските експерти, к