Македонска ракометарка доживеала несреќа и се бори за живот!

Шокантна вест доаѓа од таборот на ЖРК Вардар, откако македонската репрезентативка Робертина Мечевска паднала од петти спрат, па во моментов се бори за живот во Ургентниот Центар во Скопје. Долгогодишната членка на нашиот национален тим не се појавила на денешниот тренинг на „вардарки“, кој бил прекинат веднаш штом се дознало што всушност се случило со Мечевска, пишува ЕКИПА.Шокантниот настан се случил пред нејзиниот стан во скопската населба Острово, од каде Мечевска веднаш била пренесена во Ургентниот Центар во Скопје. Барем засега не се познати околностите под кои се случила оваа несакана случка.
Робертина Мечевска во кариерата има настапувано за неколку македонски екипи, а од минатиот месец стана членка на ЖРК Вардар во обид да помогне тимот да стигне до европската круна.
ИЗВОР- ЕКИПАШокантниот настан се случил пред нејзиниот стан во скопската населба Острово, од каде Мечевска веднаш била пренесена во Ургентниот Центар во Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи: