Македонска средношколка го освои второто место на Меѓународната олимпијада по германски јазик во Берлин

Софија Поповска, ученичка од гимназијата „Нова“, го освои почесното второ место на ниво В1 на најпрестижниот светски натпревар по германски јазик – Меѓународна олимпијада по германски јазик (IDO), која оваа година се одржа во јули во Берлин.Олимпијадата во Берлин беше јубилејна – петта по ред олимпијада во Германија. Почнувајќи од 2008 година, секоја втора година во различни градови на Германија се одржува овој празник на германскиот јазик. Во улога на организатори настапуваат Гете-институтот и Меѓународната асоцијација на наставници по германски јазик, а медиумската поддршка ја обезбедува „Дојче веле“. За односот на Министерството за надворешни работи на Германија кон овој настан сведочи фактот дека наградувањето на победниците на 29 јули се одржа во Федералното министерство за надворешни работи на Германија, а на учесниците на олимпијадата им се обрати полномошникот за надворешна културна политика на МНР, Михаел Рајфентјул, кој ги поздрави во името на министерот за надворешни работи Штајнмаер.
Тоа е вистински интернационален настан. Со секоја нова олимпијада се зголемува бројот на учесниците – на првата олимпијада во Дрезден беа застапени 40 земји, а на овогодишната – 64 земји од Америка, Азија, Африка, Австралија и Европа. Право на учество имаат по двајца победници на национално ниво. Така, олимпијадата во 2016 година собра во Берлин 125 ученици.

Олимпијадата не е толку конкурс на знаење на германскиот јазик колку на креативност и на способност за командна работа. Како што рече заменикот на директорот на Гете-институтот и раководител на институтскиот јазичен центар, Томас Дикхаус: „На овој натпревар треба да гледаме како на развој на личноста на меѓународен и на меѓукултурен план, а тоа е најлесно, кога луѓето се заедно“. Затоа, слоганот на овогодишната олимпијада беше: „Иако имаме незначајни разлики, сепак, во суштина, ние сме еднакви“ (Wir haben so kleine Verschiedenheiten, aber am Ende wir sind alle gleich).
Меѓународната олимпијада по германски јазик е настан што навистина помага во градењето фундамент за разбирање на различните култури, во чија основа се наоѓа не толеранција, бидејќи толеранцијата е само пројавување на трпеливост, туку вистинско почитување на другиот, на различниот.
Следната олимпијада ќе се одржи во Фрајбург, во 2018 година.
Така, со освојувањето на второто место, Софија Поповска ја докажа не само својата компетенција во знаењето на германскиот јазик туку и во интеркултурните комуникации. Тоа е вистински успех на самата Софија, на гимназијата „Нова“, на Здружението на наставниците по германски јазик на Македонија!
 Олимпијадата во Берлин беше јубилејна – петта по ред олимпијада во Германија. Почнувајќи од 2008 година, секоја втора година во раз

Пронајдете не на следниве мрежи: