Македонска зелена бизнис идеја за прв пат победи на регионалниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ кој оваа година се оддржа 24-27 јули во Боге-Косово, во организација на Фондот на Браќата Рокфелер од САД, а се спроведува на Балканот во изминатите 4-ри години. Носител на идејата е „Прва кооператива на потрошувачи на органска храна – Наша Добра Земја“ која конкурираше со проект за поддршка на мали маргинализирани земјоделци кои произведуваат хемиски нетретирана храна.На форумот се натпреваруваа вкупно 15 зелени бизнис идеи од 5 балкански држави, и тоа: Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Освен македонската победничка идеја на „Наша Добра Земја“ победи и српската идеја „Еко-камп од дрвени куќички“ и црногорската идеја „Градина Еко-логика“. Најдобрите три идеи ќе добијат финансиска поддршка од 10 000 долари.
„Особено ни е драго што оваа година прв пат ја донесовме регионалната награда на Фондот на Браќата Рокфелер за филантропија и зелени идеи во Македонија! Искуството од националниот натпреар до победата во Косово беше фантастично, од повеќе аспекти. На национално ниво – од сѐ срце им благодариме на АРНО за одличната организација и топла поддршка во процесот. На регионално ниво – почуствуваме дека со останатите учесници и организаторите имаме заедничка основа, вредност и верба – во моќта и влијанието на „зелените идеи“ и нивниот потенцијал да допринесат кон промени. Ни личи дека ова е старт за многу регионални зелени интерконекции! Наградата ни преставува особено важен чекор за понатамошниот развој на „Наша Добра Земја“ во сферата на одржливост – додавање на овој за нас најважен елемент во „равенката“ еколошко производство на храна во Македонија“ – изјави Билјана Филиповска, основач на „Наша Добра Земја“.
„Многу сме среќни што конечно, после 4 години учество, имаме македонски победник на регионалниот натпревар и навистина сме горди сме на успехот на „Наша Добра Земја“. Мора да споменеме дека на форумот одлично се презентираа и „Наша фарма“ од Скопје со идејата да прераснат во првата биодинамична органска фарма за производство на јајца, и здружението „Амброзија“ од Пехчево со идејата за создавање пилот машина за производство на пелети од био- отпад. Како организација која препознава и верува дека добрите идеи треба да се поддржат, ние нема да сопреме тука- славејќи ја само победничката идеја, туку ќе се обидеме да обезбедиме национални фондови за поддршка и на другите македонски идеи. Се надеваме дека в година на националниот натпревар ќе има уште поголемо учество, и дека ќе обезбедиме средства за националните победници. Веруваме и во нашите потенцијали и се надеваме дека, од сега па натаму, ќе стане традиција Македонија да носи награди од регионалниот натпревар и да биде пример за вакви мали успешни приказни од полето на зелената економија.“- изјави Ирина Јаневска, претседател на „АРНО“.
Другите побенички идеи се од Србија- градење на Еко-Камп со дрвени куќички со цел развој на туризмот, зачувување на животната средина и подобрување на благосостојбата на локалните заедници, и од Црна Гора- креирање на еколошки градини со цел создавање на можност и место за собир на ентузијастите и љубителите на природата кои преку практикување и учење на органското градинарството го подобруваат квалитетот на живеење на современиот човек.
Останатите зелени бизнис идеи кои се натпреваруваа беа најразлични, почнувајќи од собирање на лековити и ароматични билки и планински плодови за произведување на природни чаеви во Косово, произведување на рачно изработени органски сапуни од локални билки во Албанија, реконструирање на стари воденици во Србија, до поправка и редизајн на стар мебел преку трансформирање на истиот во нешто ново, корисно, убаво и повторно функционално (Србија), па сѐ до 3D машина за принтање која користи биоразградлива пластика (Косово), биогас од фарми за кокошки (Косово), рачно изработени торби и марами со илустрации од принцези од Црна Гора, рурален туризам преку промоција на тури за гледање на птици (Албанија).На форумот се натпреваруваа вкупно 15 зелени бизнис идеи од 5 балкански држави, и тоа: Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Освен маке