Македонската естрада тагува за Дуле: Што изјавија некои од познатите?

Македонската естрада тагува за Дуле. Некои од познатите на македонската музичка сцена собраа храброст и кажаа неколку зборови за Дуле. Никола Јанков – Коки”Немам што да кажам, оваа никој не го очекуваше. Ве молам, барајте ме покасно, сега не сум во можност да зборувам”, видно потресен и со растреперен глас изјави за Вечер неговиот другар во кусиот телефонски разговор.

Кристијан ГаброскиНе сум имал прилика да соработувам со него, а приватно никогаш не се случило да се погодиме во исто друштво, така што не го познавам добро. Навистина ми е жал што млад човек толку рано си замина. Нека примат мое сочувство неговите најблиски.
Ѓорѓи КрстевскиБевме колеги, но не се дружевме многу. Навистина ми е жал што такво нешто се случило. Ми кажаа и мене пред 5 минути и се уште не знам што и како било, но во секој случај тоа е трагедија. Ќе ни недостасува на сите.

 

 Маја ВукичевиќКога видов на Фејсбук, помислив дека е шега, но за жал вистина е. Си отиде човек со прекрасна насмевка, никогаш нема да го заборавам. Го паметам и ќе го паметам како еден голем другар. Секогаш кога ќе ми требало нешто, тој знаел да ми излезе во пресрет и вечна му слава. Многу ми е жал што не можеше да ужива подолго време во љубовта со сопругата. Неодамна се ожени, баш помисливме си ја најде конечно својата среќа, еве што се случи. Мое сочувство до сопругата и семејството.
Кристина АрнаудоваЗначи многу сум потресена. Не ми се верува дека вакво нешто се случило. Беше добар за сите, само за себе не. Тоа е животот!
Григор КопровИмавме можност да соработуваме неколку пати. Заедно со него и Коки го направивме хитот Колку треба да се плати”. Навистина ми е жал што се случи вакво нешто. Трагедија и тоа голема. Ќе и недостасува на македонската музика ваков човек. Сепак, едно е сигурно, вечно ќе живее преку своите песни, во тоа воопшто не се сомневам.
 Никола Јанков – Коки”Немам што да кажам, оваа никој не го очекуваше. Ве молам, барајте ме покасно, сега не сум во можност да зборувам”, видно

Пронајдете не на следниве мрежи: