На крајот на месец март во Охрид се одржа бизнис настан, на кој ИТ компанијата ТДК Компјутери го објави проширувањето на своите бизнис операции на албанскиот и косовскиот пазар.Покрај експанзијата во регионот, компанијата го промовираше и своето унапредување на долгогодишната соработка и партнерство со гигантот Dell – ТДК компјутери стана официјален и единствен комерцијален дистрибутер на Dell за Македонија, Албанија и Косово.
“Ни претставува големо задоволство да објавиме дека ТДК Компјутери ја проширува дејноста во регионот. Со отварање на новите пазари, нашата компанија уште еднаш се докажа како сериозна фирма, која има подршка од најголемите ИТ производители во светот. Имаме намера и во иднина да ја одржиме водечката позиција и да ги нудиме најдобрите продукти на своите клиенти.” – изјави Јордан Димитровски, директор на ТДК Компјутери.
Од своја страна Аурора Гамен, менаџер за дистрибуција во Dell, објави: “ТДК Компјутери е наш долгогодишен партнер кој што секогаш го докажува својот професионализам. Затоа сме сигурни дека со изборот на ТДК за наш официјален дистрибутер за Македонија, Албанија и Косово, ќе го развиеме бизнисот и ќе им понудиме подобри сервиси и услуги на нашите партнери.“
На бизнис настанот во хотел Инекс Горица, покрај тимот од компанијата Dell, присуствуваа и голем број од постоечките и идни партнери на ТДК, од Македонија и регионот. Специјалистите од Dell и ТДК ги претставија последните новини од светот на ИТ технологиите, производите на Dell и нивната практична примена.
Повеќе за ТДК Компјутери:
Основана е во 2000 година и е една од најголемите ИТ дистрибутерски компании во Република Македонија. Во моментот располага со изградена сопствена инфраструктура за продажба, сервис и поддршка на сите производи од понуденото портфолио. Во моментов во компанијата работат над 25 специјалисти, поделени во неколку сектори. ТДК Компјутери е официјален дистрибутер на најголемите светски ИТ производители – ACER, DELL, LENOVO, LEXMARK, PHILIPS, XEROX и други, со што им овозможува на своите партнери пристап до нивните производи, иновативни решенија и технологии.Покрај експанзијата во регионот, компанијата го промовираше и своето унапредување на долгогодишната соработка и партнерство со гигантот Dell – ТДК