Македонскиот цртан филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ добива уште едно интернационално признание, номиниран е за специјалната награда на УНЕСКО 2016.Специјалната награда УНЕСКО ја доделува германската комисија за УНЕСКО за детски телевизиски програми кои промовираат разбирање и толеранција на различните култури.
Цртаниот филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ има за цел, преку приказната да ги научи децата да ги почитуваат различностите и да го разберат значењето на концептите, како еднаквост и рамноправност без разлика на изгледот, говорот итн.
Цртаниот филм го создаде креативниот тим на ОХО, продуцент е Пеце Талески, а истото е по сценарио и режија на Елеонора Венинова, анимација на Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски, илустрации на Тхе Мичо, а музиката е на Мите Димовски.Специјалната награда УНЕСКО ја доделува германската комисија за УНЕСКО за детски телевизиски програми кои промовираат разбирање и толеранција на ра