Македонски филмски еп- „До балчак“

Loading...

До балчак“ на Столе Попов ја доживеа својата светска премиера на „Браќа Манаки“ во Битола. Имено, во филмот  Мики Манојловиќ уште еднаш покажа дека е одличен актер. Судир на легенди и приказни од суровата животна реалност преку Македонската историја  полна со апсурди, илузии, релативност на слободата, правдата, љубовта и жртвувањето- сето ова е собрано во историско- епскиот филм во режија на Столе Попов, еден од најважните македонски режисери. Попов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1973 година.
Вештините на Столе Попов никогаш не биле спорни. Можевме да ги забележиме во филмовите „Црвениот коњ”, „Среќна нова '49″, „Тетовирање”… па и во „До балчак“.
Филмот  е историски спектакл, приказна за комплексен четириаголник помеѓу бескомпромисен и идеалистичен востаник, безмилосен турски офицер, богат „татин“ син опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа и една луцидна и слободоумна жена во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици. Ликовите минуваат низ бурни судири, доживуваат катарзични искуства и стекнуваат длабоки нови самосознанија.

 
 
Имено, филмот е суровa и романтична сторија која ја испитува вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност низ призмата на релативноста на поимите на слобода, правда, љубов, жртвување и предавство. Приказната ги драматизира и пародира митот и анти-митот на истокот и западот, на Европа и Балканот. Таа ги усвитува парадоксите и апсурдите на македонската историја. Фатен во стапица, еден од ликовите ја декларира својата радикална философија: „Ебати животот, ако не си подготвен да умреш за него“! Ако традиционалниот американски жанр е Вестернот, т.е. приказна од дивиот запад, овој филм е неговиот источен пандан, Истерн, приказна од „дивиот“ исток.
Филмот е работен по сценарио на Горан Стефановски, косценарист Столе Попов, директор на фотографија е Апостол Трпевски, музиката е на Дуке Бојаџиев, сценограф  Миленко Јеремиќ, костимограф Емилија Ивановска, а главните улоги ги толкуваат: Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски.
Филмот е во ко-продукција помеѓу Триангл филм, Сектор Филм, ФХ3Х и Македонска Радио Телевизија, финансиран со средства од Владата на Република Македонија, Министерство за култура, Агенцијата за филм на Република Македонија.
„До Балчак“ се снимаше летото во 2012 година на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп.
 
Судир на легенди и приказни од суровата животна реалност преку Македонската историја  полна со апсурди, илузии, релативност на слободата, прав

loading...
Loading...