Во светот досега се откриени само пет штита на антички македонски војници…Имаме среќа три од нив да се пронајдени на територијата на Република Македонија, кои се изложени во Археолошки Музеј на Македонија. Како дел од годишната „Археолошка изложба 2014“ за првпат беа промовирани и преостанатите два македонски штита откриени во Бонче, Пелагонија.
МК – Македонски штит откриен во Бонче, Пелагонија
Штитот има дијаметар од 73.5 сантиметри и е изработен од бронза.
Во централниот простор на штитот е претставено 12 – крако македонско сонце, а околу него се чита натписот BASIL[EWS] DHMHTРIO[U] (превод: КРАЛ ДЕМЕТРИЈ). Кружното поле на бронзената плоча завршува со седум српести полиња во чија средина се изведени 8 – краки македонски сонца.
Името на кралот би можело да значи дека штитот му припаѓал на војник со повисок чин во македонската армија.
Постојат две можни варијанти за точно датирање на штитот:Првата дека е од времето на Деметриј I Полиоркет (Опсадникот) кој владеел од 294 до 287 год. пне како припадник на Антигонидската династија и син на кралот Антигон I Едноокиот.
Втората дека припаѓа на периодот на кралот Деметриј II кој владеел со Македонија од 239 до 229 год пне, како припадник на Антигонидската династија и син на Антигон II Гоната.
Извор: Археолошки музеј на МакедонијаИмаме среќа три од нив да се пронајдени на територијата на Република Македонија, кои се изложени во Археолошки Музеј на Македонија. Како дел од год